Извор на фото: thedailybeast

Не е тајна дека секоја девојка и жена мечтае за рамен и цврст стомак, но како да се сочува нашето тело во добра форма, особено во “проблематичните зони”?

За да стане вашиот стомак рамен и цврст нема потреба да одите во теретана секој ден. Со неколку едноставни вежби можете да го постигнете посакуваниот облик на вашиот абдомен и во домашни услови.

Имајте на ум дека постигнувањето резултати неопходно е вежбите да се прават трипати неделно. Исто така, не се препорачува започнување на вежбите за стомак дури не изминат 2-3 часа од последниот оброк.

Овие вежби за слабеење не се толку познати како што можеби ќе ви се чини на прв поглед. Важно е да се прават точно според упатството, и да се почувствува секое движење на стомачните мускули.

Колку подлабоко се наоѓаат вашите мускули под слојот сало, толку послабо ќе можете да ги правите овие вежби на самиот почеток. Но затоа не се разочарувајте, со време ќе станат полесни. Важно е да не се откажувате.

ВЕЖБИ ЗА СТОМАК

Мирно легнете на подот со свиткани колена и малку раширени.

Силно притиснете го грбот на подот. Оваа вежба е многу ефикасна за стомакот. Со дланките фатете ја внатрешната страна на бутините и оттурнете ги од себе.

Подигнете ја главата нанапред-одвојте ги рамената од подот, но внимавајте делот од грбот-од рамената надолу- да остане на подот.

Во оваа позиција придвижете го горниот дел од телото назад на 10-15 см. Движењата треба да бидат слободни и спори. Главата постојано треба да биде насочена кон горе.

Направете ја вежбата трипати и одморете се во лежечка позиција. Повторете.

Легнете на под во иста положба. Подигнете ги нозете 10-15 см над подот. Подигнете ги главата и рамената перпендикуларно со плафонот.

Понатаму, еве што треба да направите:

Нозете да останат издолжени, и ако можете задржете ги без помош на рацете. Рацете испружете ги пред себе, како да сакате да бидат неколку сантиметри подолги. Не заборавајте долниот дел од грбот и задникот цврсто да лежат на подот.

Повторно во истата положба, лежејќи подигнете ги нозете. Опфатете ги и повлечете ги колената кон главата и рамената.

Сега спуштете ги рацете и нозете и држете ги исправено колку подолго можете, нежно лулајќи го горниот дел од телото- 15 см напред и исто толку назад. Направете го ова 100 пати. Ако имате послаби нозе- можете да ги свиете во колената.

Ова е варијанта на претходната вежба за слабеење за оние кои сметаат дека им е тешко да ги задржат своите нозе горе, што отпочеток не е невообичаено.