Младите листови од бреза се собираат во мај и јуни. Традиционалната медицина ги користи во форма на масло, чај и тинктура, односни природни препарати кои служат како диуретик, холагог (лек за с тимулација на жолчката), антиинфламаторно и антисептично.
Мај и јуни обично се најпогодните месеци за собирање на млади лисја од бреза.
Лисјата помагаат за ублажување на б олките во мускулите и зглобовите, а есенцијалното масло содржано во лисјата од бреза има корисен ефект врз респираторниот систем.
Одвар од брезови листови против иритација и осип на кожата
Две лажици сечкани листови од бреза прелијте ги со 2 чаши врела вода (околу 500 мл), загрејте 30 минути под капак, на умерена температура, потоа изладете на собна температура и процедете. Оваа течност користете ја за миење на кожата во случај на иритација, осип.
Тинктура од брезови лисја за б олка во зглобовите
Две лажици сечкани брезови листови прелијте со 1 чаша ал-кохол (70%), оставете го на темно место една недела, па процедете. Нанесете во вид на облоги за б олка во зглобовите.
Облога од свежи брезови листови
Овој едноставен лек се користи за артритис, радикулитис, ревматизам: пред спиење покријте го б олното место со лисја од бреза и завиткајте го со волнена шамија; оставете преку ноќ.
Одвар од брезови листови за здравјето на косата
Две лажици сечкани брезови лисја прелијте со 1 чаша ладна вода, ставете на оган да се загрева на средна топлина, оставете да зоврие, па оставете да врие 3-4 минути. Оставете покриено да се олади, процедете, па течноста користете ја за плакнење на косата после миење.
Младите листови од бреза се совршен лек за бубрезите, а ги има насекаде околу нас
Брезата е билка која се смета за симбол на р уското пространство, а кај народот се цени како м оќен природен лек против уринарни инфекции, проблеми со бубрезите, ревматизам и други б олести.
Народниот билкар Момчило Антонијевиќ објасни како се користат различните делови од брезата:
„Во Белград веќе се разлистани брезите, за разлика од други делови на Србија каде сè уште не се разбудени. Овие тукушто раззеленети млади ливчиња се многу лековити, а особено се одлични за оние кои имаат проблем со бубрезите.
Брезовите листови се најдобар природен лек за камења и песок, првенствено затоа што делуваат диуретично, а потоа и затоа што ја алкализираат урината, па камењата полесно се исфрлаат. Со сите билни лекови треба да се ракува внимателно, па доколку имате голем камен, тогаш ќе биде потребен надзор од лекар.
Доколку станува збор за песок и помали камчиња, тогаш брезовите листови се идеални“, објасни тој. Чистиот чај од млади листови од бреза е исклучително лековит, меѓутоа, многу е важно да бидат набрани од еколошки чиста средина. Исто така, не смеете да наберете повеќе од четвртина млади листови од едно стебло, за да не го оште-тите истото.
Антонијевиќ го сподели рецептот за чај:
„Младите брезови листови кои сме ги набрале се оставаат на сушење, под сенка и на провев. За чај: 4 супени лажици сув и иситнет лист од бреза се прелива со 1,5 литар ладна вода и се додава еден прстофат сода бикарбона која ќе го поттикне дејството.
Се става на оган, па од моментот на зовривање се остава да вари пет минути, па се трга на страна и се остава поклопено да отстои половина час. Потоа се процедува и целата количина треба да се ис.пие во текот на денот“, објасни тој.
Терапијата за ч истење на бубрезите со брезов чај трае еден месец и Антонијевиќ потенцираше дека иако станува збор за голема количина на чај и можеби некому ќе му биде н апорно да ја испие, сепак дава феноменални резултати доколку лицето е упорно и се придржува до препорачаната доза.
И кората од брезата може да се користи, речиси сите делови се јадливи, а од кората во Ру-сија и Ф инска се добива катран кој има исклучително антисептично дејство. Меѓу другото се користи против брада-вици, егзема, псоријаза…
Младите п упки содржат еден вид на ал-кохол кој е многу лековит, а се користат за приготвување на лек за уринарниот тракт и органите, но и за јакнење на целиот организам“, објасни тој.