Турскиот каранфил (Dianthus barbatus) е род на околу 300 видови каранфили од семејството Caryophyllaceae, кои потекнуваат главно од јужна Европа и Азија. Името го добил од грчките зборови “диос” – бог и aa”aнтос” – цвет, што значи цвет на боговите.
И навистина, од многуте негови квалитети што го прават божествен цвет, неговиот мирис е многу впечатлив. Повеќето растенија од овој род се повеќегодишни, само некои се едногодишни или двегодишни.
Турскиот каранфил е одлично градинарско цвеќе, а исто така мириса прекрасно. Тој е еден од најчесто одгледуваните видови на каранфили во градините, а овој цвет постојано го саделе нашите баби. Немало градина во која овој цвет не бил посаден.
Имајќи го предвид неговото потекло, постојат 2 вида: – Dianthus barbatus var. Barbatus – кој потекнува од јужна Европа и – Dianthus barbatus var. Aziatikus – кој потекнува од североисточна Азија.
Турскиот каранфил е двогодишна билка. Цвета во разни комбинации на бои – од целосно бела, црвена, розова до комбинации од повеќе нијанси. Кога ја сеете, никогаш не можете да бидете целосно сигурни какви ќе бидат сите цветови, т.е. бојата.
Се одгледува со сеење семе во текот на пролетта, по можност на отворено. Во првата година се развиваат само лисјата, а во втората година цвета. Издржува студени континентални зими без проблеми.
Најдобро е да се засади на есен или рана пролет. Ако никне премногу густо, пресадете ја, но сепак оставете по малку во групи, за да изгледа многу поубаво за време на цветањето.
Турскиот каранфил е едно од најраните цвеќиња во годината, кое цвета кон крајот на пролетта / почетокот на летото, односно кон крајот на мај и во текот на јуни. Обично почнува постепено.
Не сите цвеќиња се отвораат истовремено на едно стебло. За време на цветањето расте до 60 цм, а има видови кои се ниски околу 20 цм. Цветните глави се всушност збир од мали цвеќиња, а нијансите во кои цветаат се многубројни.
Секој цвет има дијаметар од 2 – 3 цм со пет ливчиња на кои се гледаат назабени рабови. Дивите растенија произведуваат црвени цвеќиња со бела основа, но боите на овој вид се движат од бела, розова, црвена и виолетова до разнобојни цветови.
Точното потекло на неговото име е непознато, но за прв пат се појавува во 1596 година во книгата на ботаничарот Џон Гералд. Цветовите се јадат и може да имаат лековити својства и може да се користат при подготовка на разни салати и десерти.
Турскиот каранфил добро толерира суша како и многу ладни зими. Овие каранфили се многу популарни за инсектите така што доколку ги имате во градината, околу нив ќе забележите многу пчели, бумбари, пеперутки..
Овој вид дефинитивно се препорачува да се сее заради зачувување на корисните инсекти во нашите градини. Одгледувајќи турски каранфили во вашите градини, вие исто така ќе уживате во изгледот и мирисот така што дефинитивно се добитна комбинација за секој градинар.
Кинезите го користат турскиот каранфил за низа здравствени проблеми, посебно проблеми со уринарниот систем. Исто така се користи за лекување на рак на хранопроводот, рак на дебелото црево, карцином на желудник и разни други болести.
Турскиот каранфил содржи флавоноиди како што се антоцијанини, кои се моќни антиоксиданти. Поконкретно овој каранфил покажува диуретични ефекти преку отстранување на водата од телото, кардиоваскуларни ефекти со инхибиција на срцевиот ритам.
Се зголемува интестиналната (цревна) подвижност, има поволни ефекти на матката кај жените, го намалува растот и размножувањето на стафилококните бактерии, Ешерихија Коли, симптомите на пневмонија..
Научно е докажано дека екстрактот на ова растение ги у-бива паразитите за 8 – 12 минути. Медицински препорачаната доза е 3 – 10 грама во чај, но може да се најде и во аптеките како кап-сули или во прав.
Искуство на читателка: Минатата пролет ми донесоа семе од турски каранфил. Отпрвин помислив дека нејќам да го засадам, но потоа решив дека оваа пролет ќе засадам сè што оставив настрана со години, па му дојде редот и на турскиот каранфил.
Најдов место на крајот од градината, ги засадив каранфилите и често ги набљудував. Дојде средината на летото, но тие се уште не процветаа. Ја прашав мајка ми кога ќе процветаат и таа ми рече: „Следната година!“
Мислев дека се шегува со мене, но тогаш прочитав дека овој цвет се развива побавно ако го посееме од семе. Ако сакате да ви процвета ова лето, засадете турски каранфил како веќе насаден расад што можете да го купите на кој било пазар.
Сепак, среќата ми служеше, па на крајот на минатото лето, ги видов прекрасните цвеќиња на турскиот каранфил и веднаш се заљубив во нив. Стотици разнобојни глави излегоа од веселиот ”кревет’ и низ градината се прошири прекрасен мирис.
Не можев да одолеам, па зедов неколку цвеќиња и ги ставив во вазна. Тогаш сфатив дека ова е најдолготрајниот цвет што постои. Буквално стоеше во вазната 2 недели додека не овенаа.
Еве неколку совети за одгледување на овие цвеќиња:
Април е совршен за сеење каранфили во градината. Во средината на мај, засадете каранфили како расад, но направете го тоа навечер, бидејќи каранфилите не сакаат да се пресадуваат на сонце.
Наводнувајте ги еднаш до двапати неделно, бидејќи не сакаат многу вода. Може да ги засадите во саксии, ќе бидат подеднакво расцутени и долготрајни. На турскиот каранфил не му пречи зимата.
Ако го садите во саксии, користете умерено пропустлива почва. Бидејќи расте до 50 цм, добро е да го врзете некако за да не го скршат дождот и ветерот. Постојат и видови џуџести каранфили кои растат од 25 цм. Каранфилот цвета до крајот на летото, а најубавиот и бујниот цвет е во јуни и јули. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска