Приготвениот сок ставете го да отстои околу еден до два часа. А потоа пијте го во текот на денот кога и да ви се посака.

За стабилизација на шеќерот во крвта и намалување на желбата за јаглехидрати, добро е да се регулира лачењето на инсулинот со помош на антиоксидансите од циметот.

Тоа е важен фактор ако сакате да се ослободите од вишокот килограми. Со употребата на циметот, се регулира лачењето на инсулинот, а со тоа всушност се топат килограмите.

Со само половина лажичка цимет дневно, ја намалуваме количината на лошиот холестерол и триглицеридите, покажуваат најновите истражувања.

Исто така, со пиење на овој сок, доаѓа до подобрување на дигестијата и подвижноста на цревата. Со комбинација на јаболко и цимет одлично се регулира метаболизмот и ефикасно се намалува тежината.

Потребни состојки:

1 јаболко
1 стапче цимет (или 1 лажичка цимет во прав)
1,5-2 литри филтрирана или минерална вода

Постапка:

Исечете го јаболкото на парчиња, додадете цимет и прелијте со вода. Оставете да отстои еден до два часа. Оваа течност пијте ја во текотна денот, наместо вода.