Според кинеската медицина, треба особено внимание да се обрати на лицето, бидејќи тоа е огледало на нашето здравје. Всушност, нашето лице е краен индикатор за било која состојба која ги погодува нашите внатрешни органи.
Кожата на лицето е доста чувствителна и реагира на некои внатрешни проблеми или потенцијални здравствени промени, па оттука, секој дел од лицето е поврзан со специфичен орган.
Секоја промена и појава на мозолчиња, осип или промена на бојата може да укажува на нерамнотежа во специфичниот орган.
1.Проблеми со носот – срце
Гасови, хипертензија, затруеност, надуеност и слаба циркулација се најчестите причини за проблеми кои се појавуваат на носот. Ако почувствувате некоја од овие состојби, третирајте ги со тоа што ќе бидете физички активни,ќе направите детоксикација на телото и редовно ќе пиете зелен чај.
2.Чело – тенко црево и мочен меур
Прекумерното внесување на алкохол, шеќер, масна храна, конзервирана храна и шеќер е најчестата причина за проблеми со челото. Оттука, се препорачува да останете хидрирани, да јадете добро балансирана исхрана и да спиете доволно.
3.Вилица и уста – хормони
Хормоналниот дисбаланс честосе предизвикан од дехидратација. Исто така, конзумирање на премногу кофеин, сол и премногу зачинета храна може да го даде истиот ефект. Се препорачува да се избегнуваат сите овие предизвикувачи да се намали проблемот.
4.Проблеми меѓу веѓите – црн дроб
Црниот дроб не може да функционира правилно ако стомакот е преоптоварен. Оттука, треба да се јаде поздрава храна и да внимава на дигестивниот систем. Секоја физичка активност е добар и ефикасен начин за подобрување на варењето на храната, без разлика дали тоа е танцување, одење, практикување на јога или пливање, сами одберете.
5.Подочници – бубрези
Прекумерниот внес на алкохол, слаба циркулација на крвта, слаби срцеви мускули и пушењето се вообичаени причини за овие проблеми. Затоа, бидете повнимателни и пијте многу вода.
6.Вратот и вилицата – дигестивен систем и хормони
Стомачните проблеми може да потекнуваат од различни нешта, како што се стресни состојби, јадење на премногу зачинета храна и не недоволни и нередовно спиење. Затоа, се препорачува здрав начин на живот, вклучувајќи јадење на здрава храна и избегнување на стресни ситуации.
7.Образи – бубрези и белите дробови
Пушењето, стресот, премногу шеќер и нездравата исхрана е главната причина за овој проблем. Се препорачува да се задржи телото хидрирано и да се јаде здрава и добро балансирана исхрана.
8.Долни образи – бели дробови
Последно, но не и најмалку важно, најчеста причина за проблеми со белите дробови се пушењето и загадувањето. Откажете се од пушењето, избегнувајте места каде што се пуши и престојувајте на места со почист воздух.