Фото и рецепт: Томчо Арсов
Пиперките се печат на плех на вистински оган. Кога се печени се собираат во пластични кутии или кеси да отстојат два часа.
Така отстојани полесно се лупат и се чистат од семето.
Потоа се зачинуваат со оцет и сол и се оставаат да впијат 24 часа.
Следниот ден се цедат до максимум од течноста и се пржат кратко во врело масло и веднаш се собираат во тегли и добро се затвораат.
Секоја тегла се завиткува во крпа и вака се оставаат до целосно изладување.
Се проверуваат капачињата и се складираат на место каде ќе почекаат на седенкари гости, дневни посетители итн.