ДЕЦА

Co доаѓањето на децата семејството се менува и како no вторпат да се раѓа. Многу е тешко без деца да се појави вистинска љубов, бидејќи сопружниците без деца се свртени само кон себе и се сакаат само еден co друг.

Вистинската љубов, според зборовите на Сент-Егзипери, се раѓа кога сопружниците ќе почнат да гледаат на иста страна, односно кога ќе научат заедно да сакаат други луѓе. Ако сопружниците не сакаат да имаат деца, нешто е сомнително.

Пред неколку години случајно гледав телевизиска емисија посветена на проблемот на наталитетот. Еден млад nap од салата кажа каков е нивниот став во врска co ова прашање:

„Сопругата и јас мислиме дека сите проблеми во семејството, кавгите, скандалите, се случуваат заради децата. Затоа одлучивме да се стерилизираме”.

Потсетувам на тоа дека стерилизацијата е операција по која човекот никогаш нема да може да има деца. Ваквиот став ми се чини толку ненормален, што до ден денес не можам да поверувам дека она што го кажа младиот брачен nap e вистина.

Најверојатно тоа е еден од триковите во забавните емисии – заради одржување на интересот на оваа тема, овој пap, за одредена парична сума, е замолен да го каже она што сакале авторите на емисијата.

Значи, во семејството треба да се има деца (или барем едно дете). Денес ќе зборувам за тоа што е детето, каква е неговата поврзаност co родителите, каква е нивната телесна и духовна врска.

Ќе почнам од духовната врска помеѓу родителите и децата. Помеѓу луѓето кои не веруваат, а денес, кога нема доволно просветеност меѓу парохијаните и помеѓу луѓето што веруваат е раширена една заблуда за духовниот живот на детето.

Вообичаено вака се мисли: еве, мајката го доведе детето од породилното одделение. Го земаш во раце – чисто ангелче, само крилја му недостасуваат.

Неговата душа е чист лист хартија, на неа нема ниту една дамка. Човекот се топи и страв му е дури и да го допре за да не му ja извалка чистата душичка. Всушност, воопшто не е така!

Во времето кога мајката ќе го донесе бебето од породилиштето, тоа нема пет или седум дена, туку веќе има девет месеци! Црквата Христова отсекогаш знаела дека животот на човекот почнува од моментот на зачнувањето.

Од родителите е телото, а од Бога е душата и таа се дава во моментот на зачнувањето. Тоа веќе е мал човек. Неговото тело се состои од две, четири, осум итн ќелии и тој има душа; затоа тоа е полновреден човек, co душа и тело. Според црковните канони, абортусите се изедначувани co вистинското убиство.

Значи, детето веќе има девет месеци и за ова време неговата душа, по правило, веќе е извалкана co многу гревови.

Какви? Па тоа не направило ниту еден чекор, не изговорило ниту еден збор, не направило ниту една самостојна постапка!

Духовната врска меѓу детето и родителот е толку силна, што секој грев од родителот паѓа врз душата на детето како темен печат. Мама и тато навечер седнуваат пред телевизорот за да гледаат непристоен филм. Нивната ќерка се наоѓа уште во утробата на мајката, ништо не гледа и скоро ништо не слуша.

Меѓутоа родителскиот грев се врежува во нејзината душа. Подоцна, по 15-16 години, тие луѓе ќе се чудат:

„Од каде тоа во неа? Ние ја воспитувавме строго, ништо непристојно не видела во својот живот, сите другарки и се пристојни. Зошто стана таква уличарка?!”

Да, ништо не и’ покажуваа, но тие самите блудно се однесуваа: во друштво на пријатели мајката си дозволуваше да флертува, таткото на улица и на работа често се загледувал по кусите здолништа, навечер, ставајќи ги децата на спиење, мама и тато си дозволуваа читање на булеварски весници, co интересирање дискутираа за статиите за интимните детали од животот на познатите луѓе.

Детето не видело ништо од ова, но во душата остана врежан гревот. На пример, тато си дозволил да украде од фабриката добар алат и тој сфаќа дека за синот не е корисно тоа да го знае.

„Инаку ќе стане крадец кога ќе порасне” размислува таткото во себе. Меѓутоа, подоцна овој несреќен татко никогаш нема да може да сфати зошто од неговиот џеп исчезнуваат пари, бидејќи тој не го учеше синот на такво нешто.

Таква е духовната врска – мајката не го гледа синот, но ja чувствува неговата болка; синот не го гледа родителскиот грев, но стекнува наклонетост кон него.

Меѓутоа, не е се’ толку страшно. Благодарение на духовната врска не се пренесуваат само гревовите. Светоста и праведноста исто така се врежуваат во децата.

Во Православната црква многу светители имале праведни родители. На пример, родителите на преподобниот Сергеј Радоњешки биле свети, родителите на свети Василие Велики воспитале неколку деца, кои се прославени во соборот на светителите.

Можеме да го кажеме следново: целокупниот духовен живот на децата се одвива преку родителите. Од моментот на зачнувањето, детето сака да се моли, тоа му го бара душата.

Детенцето се буди наутро во креветчето, се протегнува, неговата душа сака да My се помоли на Бога, но тоа не може само, и наместо него тоа треба да го сторат родителите.

Мајката станува од креветот и оди во кујната да подготви доручек. Таа сфаќа дека детето не може само да си подготви јадење, иако е многу гладно: затоа таа треба се’ да подготви наместо него и да му стави во устата.

Меѓутоа, таа не сфаќа дека тоа сака и да се моли, а и тоа не го умее. Затоа треба таа да стане наутро и да се помоли, а потоа да го прекрсти детето, па дури потоа да оди во кујната да подготвува јадење.

Фактот дека децата можат да се молат уште во угробата на мајката очигледно се гледа од житието на’преподобниот Сергеј.

Еднаш мајката на преподобниот се молела за време на Литургијата, додека тој бил во нејзината утроба. Bo трите најважни моменти од Литургијата, сите присутни во храмот јасно слушнале како се огласило детето од утробата.

Мајката толку верно се молела што се слушнало детето од утробата! Секако, тоа е Божјо чудо, бидејќи не се огласуваат од утробата сите деца.

Подобро речено, тие можат да се огласат, кај нив се’ е подготвено за тоа, но им недостасува воздух: околу нив има само плодова вода.

Меѓутоа, Господ ни покажува чудо за да не се сомневаме во тоа дека децата можат да се молат, иако се’ уште не се родени. Тие не се молат co зборови, тие не ги знаат, но нивната душа може да ја почувствува насоченоста на мајката кон Бога за време на молитвата, тие можат co својата душа да се стремат во иста насока и да ja почувствуваат истата радост на молитвата што ја обзема мајката.

Еве уште еден современ пример, кој ми го раскажа една парохијанка за една своја познаничка. Парохијанката порано работела co млади луѓе и еднаш кај неа наминала една девојка, само за да поседи, немајќи никаков повод.

Изгледала многу тажно, и одеднаш почнала злобно да се удира по стомакот.

„Што правиш?” „He го сакам!” Веќе било јасно дека е бремена и дека сака да се ослободи од детето. Целата бременост и’ поминала во слично расположение.

Девојката се трудела да настине, дигала тешки предмети, но не отишла на абортус и сепак го родила детето. По неговото раѓање, во неа се разбудиле нормални мајчински чувства.

Многу си го сакала детето, тоа за неа станало најмило суштество. Немала среќа во брачниот живот и синот и’ бил единственото блиско, родено битие, единствена мајчина утеха.

Меѓутоа, најстрашно е тоа што синот кога пораснал почнал многу да ja мрази мајка си. Таа од него трпела понижување и ќотек, a тој ја сметал за сосема ништожна.

Зошто се случило ова? Акумулацијата на омраза што ја добил од мајка си додека бил во нејзината утроба никако не можела да згасне во него и по неговото раѓање.

Би можело да се каже дека таа го разгалила и дека неправилно го воспитала, но co тоа сепак, не може до крај да се објасни омразата што ja чувствувал токму кон мајка си.

Се’ што се случува на детето додека е во утробата, ќе се одразува на него во текот на целиот живот; впечатоците од овој период се најдлабоки. Еднаш некоја мајка го прашала детскиот лекар:

„Докторе, кога да почнам да го воспитувам своето дете?”

,Колку е старо?” „Половина година.”

„Сте задоцниле половина година”, одговорил лекарот. Јас, како свештеник би рекол дека мајката задоцнила многу повеќе.

Овде би сакал да го истакнам следново, бидејќи во нас може да се роди потполно логична недоумица:

“Како тоа? Зошто едни грешат, а гревот преминува на други? Како може гревот да се пренесе на друг човек?”

Меѓу луѓето многу често е раширена една потполно неправославна претстава за гревот. Се смета дека гревот е вина пред Бога, која Он може на човекот да му ја прости или не.

Меѓутоа, гревот не е вина. Вината на еден човек навистина не може да премине на друг човек. Ако некој на својот комшија му украл 100 рубљи, тогаш жалбите на комшијата кон синот на крадецот ќе бидат потполно неосновани.

Оној што украл треба да го врати украденото. Според православното учење гревот не е вина, туку болест на душата, а болестите многу лесно се пренесуваат на други.

Ако човек украл, вината за оваа кражба нема да премине на синот, но болеста на душата, т.е. наклонетоста кон кражба, многу лесно ќе премине и на синот.

Еве и друга илустрација. Семејството се вози co автомобил. Зад воланот е таткото, покрај него мајката, назад се децата. Таткото го прекршува правилото за учество во сообраќајот, претекнува на недозволено место, во пресрет одненадеж му наидува автомобил.

За да избегне директен судир таткото го свртува воланот и целото семејство паѓа во канал. Кој е виновен за несреќата?

Јасно е дека е виновен само еден човек – таткото. А кого ќе однесат во болница? Само таткото ли?

He, сите ќе бидат однесени, бидејќи co вината на еден член е повредено целото семејство. Тие не се виновни, но треба да се лекуваат.

Истото е и co гревот. Греши еден – мајката или таткото, но и децата мора да се лекуваат од гревот, од наклонетоста кон овој грев.

Тие подоцна ќе мора да се борат co страста што во нив ја посеале родителите. Тие, децата, подоцна ќе одат на исповед и co своите покајнички солзи ќе го измиваат овој грев.

Неразумно е да се зборува дека ова е неправедно, бидејќи не зборуваме за неправедност во случај кога еден од членовите на семејството ќе добие грип и кога од него ќе се заразат сите други членови на семејството.

Значи, во заклучокот на она што беше кажано за духовната врска помеѓу родителите и децата може да се каже дека децата во духовна смисла се продолжение на своите родители, тие се делови од нивните тела. Многу е тешко да се направи граница помеѓу нив.

Пренесено од книгата “Света тајна брак – Поуки на православната цеква за бракот и семејството” ( Прв дел)

Ќе продолжи …