Maгдоносот е задолжителна состојка во секое готвено јадење или салата, а во кујната се користи и како зачин, што дава ароматичен вкус на многу јадења. Можете да користите свеж лист од магдонос преку целата година, бидејќи покрај стебленцето и корењата, магдоносот има многу богата лисна маса што е лековита и хранлива.




Листовите се користат свежи во подготовката на салати и за декорирање на храна. Од малите зелени ливчиња може да се приготвуваат чаеви, мевлеми и етерични масла. Расте многу лесно, така што може да се одгледува во различни природни услови. Постојат хибриди кои се прилагодени да дадат густа, бујна лисна маса, но имаат слабо развиен корен.




Во третманот и подготовката на лековити напитоци, може да се користи свежа и сува билка. Може да се одгледува на отворено во градината, но расте и во саксии и жардиниери на балконот, потребно е само да се прилагоди видот на магдоносот на условите што ги имате на располагање.




Благодарение на неговите лековити својства и богатството со витамини и минерали, тој е одлична помош во лекувањето на разни болести. Можеби не сте знаеле дека магдоносот е богат со витамин Ц во својата природна форма, што е многу важно, бидејќи тоа е најлесниот начин телото да го апcopбира.




Во споредба со другите овошја и зеленчуци кои традиционално ги поврзуваме со витамин Ц, магдоносот има околу 3 пати повеќе од овој витамин отколку лимоните и портокалите.

Магдоносот, исто така, содржи одреден процент на шеќер, најчесто во форма на гликоза и фруктоза. Содржи растителни влакна, јаглехидрати, пектини, флавоноиди и фитонциди, робофлавин, ниацин и фолна киселина.




Чај од листови од магдонос. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: свежи листови магдонос, 250 мл вода. ПОСТАПКА: Зовријте ја водата и додајте 1/4 чаша сечкан магдонос. Додајте го магдоносот во зовриената вода и оставете да отстои 5 минути, а потоа процедете и испијте го чајот.




Чај од корен од магдонос. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 15 г корен од магдонос, 200 мл вода. ПОСТАПКА: Ситно исечкајте го коренот и ставете го во врела вода. Гответе 5 минути, а поатоа тргнете го од оган и поклопете. По 15 минути, процедете и пијте 2-3 чаши во текот на денот.




Чај од магдонос за чистење на бубрезите. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г корен од магдонос, 100 г лисја од магдонос, 100 г семе од магдонос и 200 мл вода. ПОСТАПКА: Исечкајте ги и измешајте ги состојките, а потоа додајте две лажици од смесата во врела вода. Гответе 5-8 минути и оставете да отстои еден час. Пијте една чаша од чајот пред оброк.




Чај од магдонос за чистење на телото и исфрлање на ток-сините. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г магдонос, 100 г коњско опавче, 100 г анасон, 500 мл вода. ПОСТАПКА: Измешајте ги билките и ставете три лажици од смесата во топла вода. Оставете да отстои 20 минути, а потоа процедете и пијте во мали голтки.




Чај од магдонос против остеоартритис и ревматоиден артритис. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г магдонос, 100 г ленено семе, 50 г лисја од бреза, 50 г рузмарин, 300 мл вода. ПОСТАПКА: Во зовриена вода додајте 1 лажица од смесата. Додајте малку ѓумбир во прав и промешајте. Процедете по 10 минути и кон-сумирајте по 3 чаши од овој чај во текот на денот.