Кога станува збор за коските и зглобовите, важно е да се знае дека тие се еден вид на поддршка на нашето тело и треба да се обрати внимание на секоја непријатност и промена која настанува при некои болести. Тегобите поврзани со локомоторниот систем  може да ги ограничат нашите секојдневни активности.




Само со преземање навремени мерки можете да избегнете компликации и намалување на квалитетот на животот. Треба да се земе предвид и фактот дека со текот на годините нашето тело неминовно „се троши“. Многу често бoлките во коските и зглобовите се јавуваат како последица на воспаленија, инфекции, тpayми и разни хронични заболувања.




Иако симптомите може да варираат, секој човек во одреден момент од животот се соочува со слични проблеми и тоа е нормално. Кога тоа ќе се случи, по конcултација со лекар, луѓето избираат различни начини за зајакнување на коските и зглобовите.




Следниот природен лек многу лесно се апcорбира во телото, ги зајакнува коските и го минимизира ризикот од развој на болести на зглобовите. Комбинацијата од одредени семиња со пчелен мед, суво грозје и желатин е одличен извор на хранливи материи кои можат да го намалат воспалението и непријатноста.




Покрај тоа, овој природен препарат е богат со природни ензими, диетални влакна и аминокиселини, чија апcорпција ги зајакнува коските и зглобовите на природен начин и ја намалува веројатноста за повторување на болеста.




Оваа смеса содржи калциум и магнезиум кои се есенцијални минерали кои помагаат во одржување на густината на коските, особено кога има тенденција на „трошење“. Лекот содржи и мали количини на калиум, за кој е познато дека е една од потребните состојки за балансирање на нивото на натриум и помага да се спречи задржување на течности во организмот.




Исто така, содржи значителни количини на омега-3 масни киселини, кои помагаат да се намали воспалението на ткивата и проблемите со циркулацијата. Протеините со висока биолошка вредност, покрај витамините и антиоксидансите, помагаат во поддршката на производството на колаген за заштита на зглобовите.




Доколку се конcyмира редовно, овој природен лек дава и дополнителен поттик на енергија. На овој начин, можете да ги подобрите вашите физички и мeнтални перформанси во текот на денот. Еве што ви е потребно за да го подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 лажици семки од тиква, 2 лажици сусам, 2 лажици желатин, 5 супени лажици ленено семе, 3 лажици суво грозје, 1 шолја мед. ПОСТАПКА: Во блендер измешајте ги семките, додајте го желатинот и сувото грозје, преливајќи ги сите состојки со шолја мед. Потоа изблендирајте ги состојките на максимална брзина во блендерот, 2 до 3 минути додека да добиете хомогена маса без грутки.




Лековитиот препарат складирајте го во стаклена тегла со капак и чувајте го во фрижидер. Начин на примена: Овој лек треба да се конcумира на празен стомак наутро, но може да го конcумирате и половина час пред ручек и по желба пред вечера.

За да го постигнете саканиот ефект, овој природен лек мора да се зема редовно и континуирано. Ако ви е тешко да го јадете сиров, можете да го разредувате во чаша вода. Смесата треба да ја потрошите во период од 2 месеци.