Home Билкарство Секој ден изедете еден лист жалфија, еве зошто е тоа е добро

Секој ден изедете еден лист жалфија, еве зошто е тоа е добро

жалфија

Билката наречена жалфија е една од оние кои се вбројуваат како најлековити, бидејќи има силно дејство кога станува збор за здравјето и лекување на разни болести.

Сепак, кога се земаат вакви силни билки, секогаш е потребна претпазливост, поради етеричното масло кое го содржат.

За тоа дека оваа билка се смета за една од најлековитите, говори и старата изрека со која се поврзува, а таа е: „зошто некој мора да yмре, доволно е да отиде во градината и да си набере жалфија“.

жалфија

Жалфијата е позната и по своите смирyвачки својства, односно се смета за природен лек за неpви, па помага при нап-натост, стpес и неpвоза.

За оваа намена, за зајакнување на неpвите, народната медицина ја препорачува жалфијата на следниот начин:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Еден свеж лист жалфија. После јадење наберете еден свеж лист жалфија и соџвакајте го. Ова правете го само еднаш дневно, во текот на седум дена.

Не се препорачува повеќе и подолго од овој период, затоа, важно е да ги следите препораките.

Листот од жалфија содржи етерични масла чии главни состојки се тујон, цинеол и камфор, танини, соли на фосфорна киселина и калиумова и калциумова сол. Најмногу е позната како лековита билка за лекување на болести на уста и грло.

Тие својства се засноваат на антисептичното дејство на етеричното масло на жалфијата и адстригентното (антивоспалителното) дејство на танините од оваа билка.

Поради ваквото нејзино дејство влегува во состав на многу лековити препарати за плакнење на устата и грлото, бидејќи е одлично средство кое ја јакне слузокожата и ја намалува инфекцијата.

ЧАЈ ОД ЖАЛФИЈА ПРОТИВ БOЛНО ГРЛО. За плакнење на усната шуплина поради било какви воспалителни состојби како што се афти, воспалено грло, воспалени непца, најдобро е да користите чај од жалфија.

Се приготвува многу лесно: потребни се три лажици сув лист од жалфија и половина литар вода.

Жалфиниот лист попарете го со врела вода, поклопете го и оставете го да отстои преку ноќ. Следниот ден процедете ја течноста и со неа исплакнете ја устата и непцата.

Од медицинска смисла, жалфијата се смета за антибиотик со широк спектар. Се применува и за регулирање на потењето за време на менопауза, при пореметувања во месечниот циклус, за зајакнување на неpвите, за прочистување на црниот дроб и при ревматски заболувања.

Има влијание и на процесот на варење на храната и излачувањето на жолчниот сок. Се користи за намалување на лачењето на плунка при Паркинсонова болест.

Се применува и при намален имунитет, нервна исцрпеност како и при слаба меморија и концентрација. Жалфијата се наоѓа и како состојка во кремите против различни инфекции на кожата и во шампоните против првут.

Жалфијата делува антисептично, па затоа се применува за испирање на грлото при воспаление на грлото и при афти.

Таа делува и спазмолитично и антимикробно, се употребува за инхалации кај астматичари, при бронхитис, но и кај инфекции на дишните патишта.

жалфија