СЕКОЕ ДЕТЕ Е КАРМА НА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ, НИШТО НЕ Е СЛУЧАЈНО. Детето е како машина што ве турка напред дури и кога немате сила, што ви покажува за што сè сте подготвени да сторите, а не сте биле свесни за тоа.

Секој човек доаѓа на овој свет со посебна, единствена мисија. Додека го живее својот животен пат, едно лице ја исполнува својата мисија, но влијае и врз животот на неговите родители.




Да, тој мал човек што сте го создале вие, може да ве научи на многу работи, да ве зајакне и да ве врати на вистинскиот пат. Доаѓањето на детето pадикално и засекогаш ќе го промени вашиот живот. Од друга страна, родителите имаат тенденција да го гледаат детето, односно неговата личност или однесување, под „нивен крст.“




Ако еден старец искрено го погледне својот живот и го анализира, тој сигурно ќе ги види сите успеси и победи што никогаш не би ги постигнал доколку немал дете, без разлика дали станува збор за промена на лошиот карактер или успех во кариерата мотивиран од детето, или нешто слично.




Децата често отвораат нови перспективи на животот на своите родители. Ако родителот размисли подобро и го слуша своето дете, веројатно ќе разбере дека детето е во право. Размислете – колку станавте помудри откога станавте родители?




Ако вашето дете повеќе не живее со вас, ако вашата вpcка е разнишана, размислете каде сте направиле гpешка, што не сте слушале, што не сте разбрале. Никогаш не е доцна да се разбере.




Ако имате б олно дете, тоа е животна лекција што ќе ве направи посилни. Научете да уживате во животот, секој ден и да ги цените моментите поминати со вашето дете, да ја гледате среќата во најмалите нешта. Ситните радости и дела се голем подарок за детето.




Секое дете е посебно, а воспитувањето на децата не е напишана лекција која треба да се следи по правила. Запознајте го вашето дете, а потоа сами ќе знаете како треба да го воспитате, врз основа на неговите карактеристики.




Несомнено, децата различно се однесуваат и поинаку реагираат на ситуации, без оглед на фактот дека растат во исто семејство и ист дом, израснати на ист начин. Според истражувањето на Американскиот национален центар за биотехнологија, кое е дел од Американската национална библиотека за медицина, не постои дете од ист карактер.




Ако сте родител на повеќе деца, ова може да звучи фpycтрирачки. Но, добро е да се знае дека секое дете има различна личност во себе. Вие едноставно не можете да претпоставите дека истите образовните методи кои функционираат на вашето постаро дете, се соодветни и за помалото дете.




Еден начин при воспитување на детето е да ја откриете личноста на вашето дете и да пронајдете позитивни методи за родителство што можете да ги примените. На пример, доколку постарото дете го привлекувало цртање, овозможете му да се усоврши во таа област.




На овој начин ќе му ја зголемите самодовербата, а тоа ќе знае дека верувате во него. Од друга страна, нема потреба да го пpиcилyвате и помалото дете да го прави истото, доколку нема желба за тоа.

Напротив, на тоа дете овозможете му нешто што него му се допаѓа за да го мотивирате да се оформи во личност која ќе знае што сака од животот. Запомнете дека децата често ги менуваат своите интереси во текот на годините, па затоа треба да бидете спремни на нивната егзотична наклонетост.

Однесувањето на родителите, стрикно влијае на однесувањето на детето во иднина. Тоа е како непишано правило на физиката. Едноставно додека детето е сè уште мало, постојано се угледува на однесувањето на неговите родители бидејќи тие се единствените кои ги гледа секојдневно. Што и да направите вие, тоа во иднина ќе повтори по вас.

Ова е почетното однесување на детето, првиот стекнат бон-тон кој доаѓа од дома. Понатака во животот, детето се стекнува со нови пријатели и искуства, а по однесувањето на општеството започнува да се однесува како другите. Сепак, коренот во карактерот се содржи во домашното воспитување.