Home Десерти Секој ден јадам ТИРАМИСУ и стомакот ми се смали…Еве како го правам…

Секој ден јадам ТИРАМИСУ и стомакот ми се смали…Еве како го правам…

Овесна каша со вкус на тирамису за слабеење

Подгответе си здрав и вкусен појадок што ќе ви помогне да ја одржите линијата без да се откажете од уживањето во десерти.

Оваа овесна каша со вкус на тирамису е без додаден шеќер, а комбинацијата од чиа семе, овес и кокосово млеко дава кремаста текстура и богат вкус, совршен за енергичен почеток на денот, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 1 лажица чиа семе
– 2 лажици овесни снегулки
– 1 лажичка црно кафе
– 1 лажица мед
– 120 мл кокосово млеко
– 60 мл кисела павлака
– 1 лажичка какао во прав
– НМД

Постапка:

1. Во сад измешајте ги чиа семето, овесните снегулки, црното кафе, медот и кокосовото млеко.

2. Добро промешајте ја смесата и оставете ја да отстои 2 часа на собна температура или во фрижидер, за да се згусне.

3. По 2 часа, можете да го приготвите вашето „тирамису“. Во чаша ставете слој од овесната каша, па слој кисела павлака и продолжете додека да ви се потроши материјалот..

4. На крај, посипете ја површината со какао во прав.
5. Сервирајте ја овесната каша свежа и уживајте во здравиот појадок со вкус на тирамису.

Овој рецепт е едноставен, хранлив и идеален за оние што сакаат да уживаат во вкусен појадок без грижа за вишок калории. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://www.youtube.com/watch?v=Rmq1e1iZQoI