Комбинациите и вкусовите можете да ги менувате и секогаш ќе имате нов и уникатен десерт во чаша.

Потребни состојки за чоко-плазма:

1 кесичка шлаг
150 мл млеко
200 г мелена плазма бисквити
50 г шеќер во прав
50 г чоколадо

За пудинг смеса:

500 мл млеко
4 лажици шеќер
1 пудинг од ванила

за шлаг смеса:

2 кесички шлаг крем од ванила
300 мл млеко

за наросување:

150 г мелена плазма

за декорација:

1 кесичка шлаг, по желба чоко-кекси

Постапка:

За чоко-плазма смеса: Изматете го шлагот со млекото. Во мелените биксвити додадете шеќер во прав, промешајте, па додадете го изматениот шлаг и сето добро соединете го со миксер. Чоколадото растопете го на пареа, па додадете го во изматената смеса. И него соединете го.

За пудинг смеса: Одвојте малку млеко и во него разматете прашок за пудинг. Остатокот од млекото ставете го со шеќерот да зоврие. Потоа во него додадете ја разматената смеса и на тивок оган варете со постојано мешање додека да згусне.

За шлаг смесата: Крем шлагот изматете со го млекото.

Редење: На дното од десертните чаши ставете по една лажица од чоко-плазма смесата. Потоа две лажици пудинг. Врз пудингот нанесете една лажица од смесата чоко-плазма, па 1-2 лажици шлаг. На крај наросете со една лажица мелена плазма.

За декорација: Шлагот изматете го со млекото, па со помош на шприц нанесете го одозгора. Декорирајте по желба со мини чоко плазмички и рендано чоколадо.

Coolinarika.com