За овој колач се вели дека толку многу е вкусен, што ќе ве направи среќни и ќе ве одведе на седмо небо.

Потребни состојки за бела кора:

5 белки
200 г кокос
100 г шеќер
1 лажица брашно
1 лист обланда

За темна кора:

5 белки
200 г мелени ореви
100 г шеќер
1 лажица брашно
1 лист обланда

За крем:

10 жолчки
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
250 г путер/маргарин

Постапка:

Изматете ги белките со шеќерот додека тој да се растопи и да добиете цврст снег. Додадете го кокосот и една лажица брашно. Промешајте внимателно со лажица или шпатула, внимавајќи смесата да остане воздушеста.

Премачкајте ја рамнемрно обландата и ставете во загреана рерна да се пече 15 минути на 150 степени. За темната кора постапката е иста.

За фил: Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилин шеќер, па сварете ги на пареа или во микробранова печка, за да се добие густа смеса. Оставете да излади, па потоа додадете путер на собна темепратура и изматете со миксер.

Белата кора премачкајте ја со кремот и одозгора преклопете ја со темната кора. Малку притиснете и оставете во фрижидер за да се стегне. По желба исечете на коцки или штангли. Деталите можете да ги погледнете во видеото: