Седефче или Седеф трева (Ruta graveolens) е повеќегодишна билка со карактеристичен непријатен мирис. Достига висина од 50 до 80 см и спаѓа во фамилијата Rutaceae.

Лековитите својства на седеф трева се познати уште од далечни, древни времиња и се смета како непроценливо средство за лекување на очните болести. Луѓето веруваат дека таму каде што расте седеф трева нема змии, штетници и зло направено по пат на магии.

Често се среќава како градинарска билка, а луѓето ја садат за да не им доаѓаат змии и како заштита од зло.

За лековити цели се користи надземниот дел од билката, а посебно листовите. Тие се берат во текот на цветањето, бидејќи тогаш аромата им е најпријатна. Гранчињата се отсекуваат заедно со листовите, на висина од 30 см од врвот кон долу.

Не смеат да се гмечат или потиснуваат и не се берат гранчиња без листови или со прецветани цветови. Сувите листови имаат сиво-зелена боја, а многу често се мелат во прав и се користат за чаеви.

Седеф тревата има силно изразено антигабично, антигасно, антиспазматично, нервно смирувачко и стимулативно дејство. Го зајакнува желудникот и наоѓа примена кај најразлични заболувања и состојби.

Корисна е за крвниот систем, ги зајакнува ѕидовите на капиларите и ја јакне периферната циркулација. Помага кај силни главоболки, епилепсија, несвестица, конвулзии, анксиозност, вртоглавица, нервоза и други слични состојби.

Помага кај атеросклероза, го намалува крвниот притисок, го подобрува видот, ги смирува коликите, помага кај гасови и подуеност на стомакот и други стомачни проблеми.

Во мали количини се користи за елиминација на отров од змиско каснување, пајаци, скорпии. Надворешно се користи кај болки во зглобови, гихт, ишијас, ревмаизам, брадавици

ЗА ЧИР НА ЖЕЛУДНИК И ЦРЕВА

Истолчете 1 г билка и измешајте го со 400 мл ладна вода. Оставете 8 часови, а потоа испијте ја инфузијата во текот на денот.

Напомена: не треба да се зема седеф трева без консултација со проверен билкар. Не се препорачува во големи количини и за трудници. Свежиот сок може да ја надразни кожата кај чувствителни луѓе.

КАКО СЕДАТИВ И СРЕДСТВО ЗА СПИЕЊЕ

Се натопува надземниот дел од свежа билка во ладна вода и се остава 12 часови. Се пие по една шолја пред спиење.

ТИНКТУРА ОД СЕДЕФЧЕ

Една полна рака седеф трева натопете 21 ден во 750 мл 50% алкохол, па процедете. Се користи по 5-8 лапки, 2-3 пати на ден со вода или сок.

МАСЛО ОД СЕДЕФЧЕ, се приготвува на ист начин како тинктурата, само наместо алкохол се користи масло. Се користи за масажа и кај болки.

МАСЛО СО ЛУК И СЕДЕФЧЕ

Две лажици седеф трева и 2 лажици црвен кромид варете 10-15 минути во 250 мл маслиново масло на многу тивка температура. Со ова масло се лекува отечена и воспалена слузокожа, болка во уво (по неколку капки 2-3 пати дневно) и слично.

ЗА НЕРВОЗА

Еднакви делови од седеф трева и жалфија: 1 полна лажица од мешавината се прелива со 1 шолја врела вода, а после 5 минути се процедува. Се пијат 2-3 шолји дневно како лек против вртоглавица, нервоза, стрес, тешкотии со срцето.

Билката купувајте ја од Билна аптека или доверливи билкари: