Менопауза е крај на менструалниот циклус на жената, а со тоа и крај на нејзината плодност. Оваа природна фаза во животот обично се случува во 40-тите и 50-тите години од животот. Менопаузата не може да се случи преку ноќ. Всушност, се настапува во три фази:
ПЕРИМЕНОПАУЗА: Ова е првата фаза на менопаузата и тоа е кога менструалниот циклус започнува да биде нерегуларен.
МЕНОПАУЗА: Во овој период, ќе доживеете симптоми како што се сувост во интимниот предел и проблеми со спиењето.
ПОСТМЕНОПАУЗА: Една година без менструација, вие сте официјално во менопауза.
ШТО ТРЕБА ДА ОЧЕКУВАТЕ? Кога ќе започнете да ги доживувате следните симптоми, многу е важно да одите и да посетите лекар.
Симптомите вклучуваат: нередовна менструација, сувост во интимниот предел, бранови на топлина, ноќно потење, проблеми со спиењето, промени во расположението, успорен метаболизам и дебелеење, сува кожа, губиток на волуменот на д ојките.
Постојат некои заеднички третмани препишани од доктори за да помогнат во полесно справување со симптомите на менопаузата, па затоа, добро е да се консултирате со вашиот лекар во врска со вашите тегоби.
Повеќето жени неподготвени влегуваат во менопаузата и неретко ги фаќа паника. Иако симптомите се ненадејни, сепак тие се потполно природни. Меѓутоа, постојат и некои симптоми кои често се заменуваат со симптомите на менопаузата, а всушност станува збор за нешто посериозно.
Кога ќе дојдете во одредени години, лесно е сè што ни се случува да го препишеме на менопаузата. Валунзи, потење, промени во расположението, сè се тоа симптоми на менопаузата, но сепак треба да бидеме внимателни, бидејќи истите симптоми може да бидат показател и за нешто посериозно.
Следните пет симптоми не треба да ги игнорирате, бидејќи можеби вашето тело ви порачува дека имате некој поголем проблем отколку што ви се чини.
I ПОРЕМЕТУВАЊЕ ВО МЕНСТРУАЛНИОТ ЦИКЛУС
Еден од првите, но и главни знаци дека влегувате во менопауза се промени во менстуалниот циклус. На некои им се случува да добиваат почести менструации, додека на други им доаѓаат побрзо и почесто отколку порано.
Меѓутоа, доколку забележите обилни кpвавења, или добивате менструација почесто од секоја трета седмица или забележите некои други невообичаени промени, разговарајте со вашиот лекар. Би можело да станува збор за полипи, миоми на матката, па дури и pак на грлото на матката. Многу е важно тоа да се дознае навреме.
II ВАЛУНЗИ И ПОТЕЊЕ ВО ТЕКОТ НА СПИЕЊЕТО
Во дури 80% од случаите жените во перименопауза имаат валунзи и ноќно потење, а тоа некогаш трае и во период до седум години. Падот на естрогенот може да влијае врз вашиот организам, така што ќе оневозможи да се регулира температурата.
Меѓутоа, тоа исто така може да биде знак за хипертиреоза (преактивна работа на штитната жлезда), која дури дополнително збунува со други симптоми кои се појавуваат. Некои од нив се губиток на косата и нередовен циклус. Затоа се препорачува да направите лабораториски преглед и да утврдите за што точно станува збор.
III ГУБИТОК НА КОСАТА
Со пад на естрогенот доаѓа до разни промени во нашиот организам, а една од нив е непријатното испаѓање на косата. Ризикот од губиток на косата се зголемува кај оние жени чии мајки и баби исто така ја губеле косата на повозрасни години.
Меѓутоа, доколку забележите невообичаена количина на коса која опаѓа, во тој случај посетете лекар. Може да станува збор за пореметена функција на штитната желзда, когнитивни проблеми, но и симптоми за pак на д ојка.
IV ЗАБРЗАНА РАБОТА НА СРЦЕТО
Вашто срце ќе започне да работи забрзано или нерамномерно. Особено во текот на валунзите, кога според истражувањата, се забележува забрзување на осум до шеснаесет отчукувања. Меѓутоа, доколку срцето забрзано ви работи и во други ситуации, посоветувајте се со вашиот лекар.
Аритмијата доаѓа со текот на годините, но не е секоја безопасна, бидејќи некои од нив може да укажуваат на сериозни проблеми со кардиоваскуларниот систем. Може да дојде и до напад на паника, што автоматски предизвикува забрзана работа на срцето. Сепак, во тој случај се советува разговор со психолог.
V БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ
Очекувано е дека со текот на годините коските ќе станат порозни и слаби, а тоа особено се однесува за периодот на менопауза. Повеќе од половина жени чувствуваат болка во зглобовите, токму тогаш, поради ниското ниво на естрогенот.
Меѓутоа, доколку болката и натаму трае и се интензивира, можно е да станува збор за артритис, фибромиалгија, но и подлабока депресија. Ова исто така, може да биде алармантно (особено ако имате вишок килограми), па посоветувајте се со доктор.
Менопаузата всушност ја означува последната менструација во животниот век на една жена и секако е неизосатвен дел од природниот процес на стареењето. Еден од симптомите е падот на функцијата на нашите јајници, а со самото тоа и падот на главните хормони кај жената, естрогенот и прогестеронот.
Ова се некои од симптомите: нередовен циклус (резултат на нестабилноста на хормоните во телото); валунзи (топли бранови, а некогаш може да бидат и ладни); неугодност при спиењето (жените кои минуваат низ менопауза може да патат од несоница);
Потоа, напнатост и депpесија (чувство на напнатост и депpесија може да ја совладаат жената); болки во нозете (поради хормонален дисбаланс нозете полека отекуваат); хормонски дисбаланс (чест симптом за влез во менопауза).