Во последно време често го правам и на сите им го раскажувам, бидејќи готов е само за 10-тина минути, а кремот е нешто посебно.

Колачот се приготвува со пудинг кој не се готви, што значи дека не е ист со вообичаените пудинзи и внимавајте да не погрешите при купувањето. На амбалажата мора да пишува дека тоа е пудинг кој не се вари.

Една кесичка се приготвува со 300 мл пудинг, па затоа ќе ви бидат потребни повеќе кесички пудинг доколку приготвувате поголема количина. Ваквиот пудинг можете да го купите во поголемите супермаркети, а постапката и обкаснувањето за овој супербрз колач можете да ги погледнете во видеото.

Потребни состојки:

Плех 21х36 см
18 бисквити (или повеќе) + млеко за натопување
500 мл слатка павлака за шлаг
2 пудинзи од ванила кои не се варат
5 лажици шеќер
2 ванилин шеќер

Постапка:

На дното од плехот наредете бисквити претходно малку натопени во млеко.

Во подлабок сад ставете ладна слатка павлака од фрижидер, додатете го прашокот од пудинзите кои не се варат, ставете 5 лажици шеќер и ванила. Убаво изматете со миксер околу 5 минути додека да се добие убав пенаст и пуфкаст крем.

Добиениот крем распоредете го рамномерно врз бисквитите и израмнете.

Одозгора наросете рендано чоколадо, а потоа колачот оставете го во фрижидер да се лади најмалку 4 часа пред послужување.

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: