Чоколадна кафе торта за 5 минути
Оваа чоколадна кафе торта е совршен десерт за оние моменти кога сакате брзо да подготвите нешто вкусно што се топи во уста.
Со едноставни состојки и брза подготовка, овој рецепт ќе стане ваш омилен за уживање со семејството или пријателите, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За тортата:
– 2 јајца
– прстофат сол
– 8 г ванилин шеќер
– 100 г шеќер
– 60 мл масло
– 90 мл млеко
– 1 лажица инстант кафе
– 140 г брашно
– 20 г незасладено какао
– 7 г прашок за печиво
За прелив:
– 50 г шеќер
– 1 лажица инстант кафе
– 1 лажица незасладено какао
– 200 мл млеко
– 100 г темно чоколадо
– 30 г путер
За глазурата:
– Околу половина од преливот
– Малку млеко (околу 20 мл)
– 1 полна лажица скроб/густин/нишесте
– НМД
За декорација:
– Кокосови трошки

Постапка
1. Во длабок сад, изматете ги јајцата со малку сол, ванилин шеќер и шеќер додека да се добие хомогена смеса.
2. Додајте го маслото и млекото помешано со инстант кафето, па измешајте.
3. Во смесата постепено додајте ги претходно измешаните суви состојки: брашното, какаото и прашокот за печиво. Мешајте додека да се добие мазна смеса без грутчиња.
4. Префрлете ја смесата во калап 18 х 27 см, претходно намастен или обложен со хартија за печење.
5. Печете во загреана рерна на 180°C околу 30 минути
6. Оставете ја тортата да се излади, па избоцкајте ја подобро да го впие преливот.
7. За преливот, во сад измешајте го шеќерот, инстант кафето, какаото и млекото (додавајте го постепено за да одбегнете грутки). Ставете ја смесата на средна температура и мешајте додека да се добие хомогена смеса.
8. Додадете го темното чоколадо и путерот, па продолжете да мешате додека не се растопат.
9. Од добиената глазура, половина прелијте врз изладената торта, а другата половина оставете ја настрана.
10. Додајте малку млеко измешано со пченкарен скроб. Гответе на средна температура со постојано мешање додека смесата се згусне.
11. Прелијте ја згуснатата глазура врз тортата и посипете со кокосови трошки.
12. Оставете ја тортата во фрижидер да се излади пред сервирање.
Уживајте во оваа вкусна чоколадна кафе торта што се топи во уста! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/PJJEPO0z9FY?si=wCCkKP7qkt9ZQtlO











