Овие топчиња со декоративен изглед се прават многу едноставно и брзо, за само 20 минути, а ќе ве освојат со вкусот.

Потребни состојки:

150 г исечкано бело чоколадо
½ лимета – рендана кора
50 мл слатка павлака
1 цм корен од ѓумбир, рендан
50 г кокос

Постапка:

1.Во помал сад промешајте павлака, ѓумбир и рендана кора од лимета. Загрејте во микробранова печка околу половина минута.

2.Топлата смеса прелијте ја преку исечканото чоколадо и добро промешајте.

Повторно вратете во микробранова печка уште половина минута и промешајте додека чоколадото целосно да се стопи.

3.Поклопете ја изладената смеса и чувајте во фрижидер околу еден час.

4.Од изладената смеса обликувајте топчиња кои потоа ќе ги валкате во кокосово брашно.