Супа за слабеење со зеленчук
Оваа супа е идеален избор за здрав и лесен оброк кој помага при слабеење без потреба од строга диета.
Богата со витамини и минерали, таа е вкусна, лесна за подготовка и совршена за секојдневно уживање.
Подгответе ја за ручек и уживајте во нејзиниот ароматичен вкус, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 1 главица кромид
– 2 лажици маслиново масло
– 2 моркови
– 4 стебленца целер (или 1/2 корен со лист)
– 3 компири
– 3 чешниња лук
– 1 литар зеленчуков булјон
– 3 парчиња леб
– 100 грама грашок
– 100 грама пченка
– 250 мл растително млеко
– 1 врзоп магдонос
– НМД
Зачини:
– 1 лажичка мелен црн пипер
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка сув лук
– 1 лажичка мешавина зачини
– 1 лажичка црвен пипер
Постапка:
1. Ситно исечкајте ја главицата кромид. Во големо тенџере загрејте 2 лажици маслиново масло на средна температура и пропржете го кромидот додека да омекне.
2. Исечкајте ги морковите на кругови и стебленцата целер на мали парчиња. Додајте ги во тенџерето и пржете 3 минути, повремено мешајќи.
3. Зачинете со 1 лажичка мелен црн пипер и 1 лажичка сол. Промешајте добро.
4. Исечкајте ги компирите на коцки и додајте ги во тенџерето. Промешајте.
5. Ситно исечкајте ги чешнињата лук и додајте ги заедно со 1 лажичка сув лук и 1 лажичка италијански зачини. Прелијте со 1 литар зеленчуков булјон, поклопете го тенџерето и оставете да зоврие.
6. За подготовка на „крутоните“, исечете 3 парчиња леб на коцки. Во сад измешајте ги со 1 лажица маслиново масло, малку сол, 1 лажичка црвена пиперка и малку сув лук. Печете ги во рерна на 180°C 10 минути или додека да станат крцкави.
7. Од супата издвојте дел и изблендирајте ја со рачен блендер до мазна текстура. Вратете го неизблендираниот дел во тенџерето и промешајте.
8. Додајте 100 грама грашок, 100 грама пченка и 250 мл растително млеко. Промешајте и варете уште 2-3 минути.
9. Ситно исечкајте го магдоносот и додајте го во супата пред сервирање.
10. Послужете ја супата топла, украсена со „крутони“ и свеж магдонос.
Добар апетит! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:












