Потребни состојки: 500 г брашно, 200 мл пиво, 150 мл масло и 1/2 прашок за печиво. За фил: 4-5 лажици мармалад од праски (може и кајсии), 200 г мелени ореви, 150-200 г шеќер во прав и 3-4 лажици рум. Сите состојки измешајте ги за да го добиете вкусниот фил.
Постапка: Помешајте ги брашното и прашокот за печиво, па додадете пиво и масло и убаво замесете го тестото додека да се соединат сите состојки. Треба да добиете мазно тесто кое лесно се обликува. Оставете го тестото да се одмори околу половина час на собна температура.
Потоа од него развлечете кора, а доколку ви е големо за развлекување, тогаш поделете го на половина, па секое тесто формирајте го во топка и со помош на оклагија развлечете го во тенка кора.
Со помош на чаша (потопувајте ја во брашно за полесно да се сече тестото) вадете кругови. Во секој груг ставајте по лажичка од филот, а потоа затворајте го врвот за да добиете облик на смоква. Смоквичките редете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.