Сè се пече заедно…ЕВТИН КОКОС КОЛАЧ – Од сѐ по 12 лажици…Еве што ви е потребно за овој вкусен колач:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За бисквит:
4 јајца
12 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
12 лажици масло
12 лажици млеко
12 лажици брашно
1 прашок за печиво
2 лажици какао во прав
За фил:
500 мл млеко
100 г кокос
6 лажици шеќер
3 лажици брашно
За глазура:
200 г чоколадо
200 мл слатка павлака
ПОСТАПКА:
1.Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека да згуснат и станат кремасти. Додајте масло и млеко и кратко изматете. Потоа додајте брашно и прашок за печиво, па сето повторно соединете.
2.Тестото поделете го на два дела. Во едниот дел ставете какао и изматете да се соедини.
3.Кафеавото тесто сипете го во намастен калап 30х20 см. Печете 10 минути во загреана рерна на 180 степени.
4.За фил: сите состојки измешајте ги и тенџерето ставете го на умерен оган. Варете со непрекинато мешање додека да згусне.
5.Веднаш врелиот фил истурете го преку кафеавиот бисквит и израмнете.
6.Преку филот распоредете го жолтото тесто.
7.Вратете во рерна и печете 25 минути на 180 степени. Печениот колач оставете малку да подизлади, па залијте го со чоколадна глазура (растопете ги состојките на тивок оган без да зоврие).
8.Колачот оставете го да се олади прво на собна температура, а потоа во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/A4REBDyL3sM?si=15v4ODXPx1jeTMuV