Луѓето кои се потат навечер, најчесто им е топло, но потењето без видлива причина може да биде знак за некоја тешка болест, па најдобро е се обратите на лекар и да се направат потребните тестирања.
1.СРЦЕ
Ноќното потење може да биде знак за проблеми со срцето, особено ако спиете на ниска перница, бидејќи на срцето му е потребна поголема енергија.
Честопати се јавуваат проблеми со дишењето. Една студија од 2014 година покажала дека жените во средовечни години кои се потат навечер, може да имаат зголемен ризик за развој на кардиоваскуларни болести, особено со зголемен крвен притисок и дијабетес.
2.ШТИТНА ЖЛЕЗДА
Премногу активна штитна жлезда и во текот на денот може да предизвика претерано потење, а може да биде причина и за непријатно, ноќно потење.
Посоветувајте се со лекар, бидејќи доколку патите од хипертиреоза, соодветната хормонална терапија може значително да помогне да се ослободите од овој непријатен симптом.
3.МАЛИГНИ БОЛЕСТИ
Причина за ноќно потење може да бидат и малигни болести и тоа од лимфоми и леукемија, па се до тумори.
Ако со засиленото потење навечер забележите и зголемени лимфни јазли, необјаснив умор во текот на денот или ненадејно губење на тежината, во тој случај итно треба да посетите лекар.