Совршен избор кога имате ненадејни гости…Сè по 3 лажици…Брз сочен колач за 20 минути прелиен со млеко…
Кога нешто ќе ви се пијаде благо, сочно и освежително, сетете се на овој рецепт, бидејќи лесно се памти, состојките кои сите ги имате в кујна се бројат по три, а колачот се прави многу брзо…за 20 минути е спремен. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца,
3 супени лажици шеќер,
3 лажици млеко,
3 лажици масло,
3 лажици брашно,
3 лажици скроб/нишесте/густин,
3 лажици гриз,
3 супени лажици сок од лимон,
1 кесичка прашок за печиво (10 г),
1 кесичка ванилин шеќер (10 г)
ЗА ПРЕЛИВ:
500 мл млеко и
4 супени лажици шеќер.
*Се пече во загреана рерна на 180 степени 15 минути. Големината на плехот е 23×30 см. Ладниот прелив се залева преку топлиот колач.
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад скршете ги јајцата и изматете ги со жица маталка. Додајте го шеќерот и ванилата па продолжете со матење додека да згусне. Додајте млеко, па масло и соединете.
Потоа додајте гриз, па брашно, густин и прашок за печиво. Добро изматете додека да се изедначат сите состојки и да нема грутчиња. Изрендајте малку лимонова кора за арома и додајте сок од лимон.
2.Плехот намастете го со малку масло и наросете го со брашно, па излејте ја добиената смеса. Протресете го плехот за да се распореди рамномерно, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 минути.
3.За тоа време пригответе го преливот. Во млекото сипете го шеќерот и мешајте додека целосно да се растопи. Печениот колач додека е топол полека залијте го со засладеното млеко. Оставете да се олади и да го впие.
Одозгора посипете кокос или нешто по ваша желба. Изладете го во фрижидер, исечете го на коцки и послужете го.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „КОЛАЧ 4 ЧАШИ ЗА 5 МИНУТИ: Без миксер, буквално и дете може да го направи“ – ОВДЕ.
КОЛАЧ 4 ЧАШИ ЗА 5 МИНУТИ: Без миксер, буквално и дете може да го направи