Извонреден чај од само две состојки! Има прочистувачки својства и затоа се пие најдоцна еден час пред спиење.
Една од состојките е магдоносот, кој се содржи речиси во сите рецепти за слабеење. Неговата ефикасност се должи на високата концентрација од витамини и минерали кои се потребни за одржување на здравјето и силен имунитет.
Покрај тоа, го зголемува нивото на енергија која честопати опаѓа при рестриктивна, односно нискокалорична исхрана при слабеењето.
Магдоносот делува како диуретик, па ефикасно ќе ја елиминира вишокот вода од организмот и ќе даде видливи резултати, но тоа не е случај кога станува збор за масните наслаги.
Искуствата покажале дека за ефикасно слабеење најдобро се покажала комбинацијата од физичка активност со регулирана исхрана.
Затоа, за да се засили дејството на овој чај, му се додава втора состојка а тоа е ѓумбирот, кој одлично го забрзува метаболизмот и топењето на масните наслаги.
Потребни состојки:
300 мл вода
2 полни супени лажици ситно сечкан магдонос
1 лажичка ѓумбир во прав
Постапка:
Ставете ја водата на оган, па кога ќе зоврие додадете го магдоносот. После 2-3 минути, исклучете го огнот, но не го тргајте садот. Оставете го 10-15 минути, па процедете.
Во чајот додадете една лажичка ѓумбир во прав, промешајте и испијте го полека, еден час пред спиење, секоја вечер во текот на две седмици. Потоа направете пауза од три дена, па повторете.