Понекогаш во животот на сите ни се случува да се опуштиме и помалку да внимаваме на килажата, па така, додека се освестиме – веќе се натрупале доста вишок килограми.
Тогаш ја започнуваме потрагата по магични рецепти кои повторно ќе не вратат во првобитната состојба.
И тоа е добро, доколку навремено преземеме нешто, бидејќи полесно ќе ги отстраниме новостекнатите килограми, отколку ако дозволиме тие да се таложат и „зациментираат“ во текот на неколку години.
Нашето тело има неверојатна моќ самото да се чисти и да ги отстранува токсините преку дебелото црево, бубрезите, белите дробови и црниот дроб, но понекогаш, доколку се натрупаат премногу бели масти на стомакот може да се отежни нивната функција, па да дојде до таложење на овие токсини.
ЗЕМЕТЕ ГО ОВА ПРЕД СПИЕЊЕ ЗА ДА ГИ ЕЛИМИНИРАТЕ СТОМАЧНИТЕ МАСТИ
Голем број луѓе не се хранат адекватно бидејќи немаат доволно време за готвење, па консумираат брза храна и газирани пијалаци кои предизвикуваат таложење на салото.
Овој пијалак кој денес ќе ви предложиме, многумина го нарекуваат „магичен напиток“ поради неговото неверојатно својство да ги топи мастите и да делува како диуретик.
Покрај тоа го зајакнува имунитетот, го забрзува метаболизмот и го чисти целото тело од токсини кои го нарушуваат здравјето.
Потребни состојки:
1/3 чаша вода
1 парче корен од ѓумбир (2-3 см)
1 краставица
1 китка магдонос
½ лимон
Постапка:
1.Добро измијте ги краставицата, ѓумбирот и лимонот бидејќи ќе се консумираат заедно со кората.
2.Магдоносот исто така измијте го, па исечкајте го ситно.
3.Краставицата исечкајте ја на тркалца.
4.Ставете ги состојките во блендер и миксајте додека целосно да се изедначи смесата.
5.Доколку сакате може да користите природен засладувач како што е стевијата.
КАКО СЕ КОНСУМИРА ОВОЈ МАГИЧЕН НАПИТОК?
Се пие пред спиење. Ќе се чувствувате многу поенергично и ќе забележите дека за само две седмици ќе започне да се намалува салото околу стомакот.
За најдобри резултати можете да го комбинирате со здрава исхрана и физички вежби.