Еден од најпосакуваните работи за секого е вишокот килограми да се загубат што побрзо.

Поради ова, сите ние во одреден дел од животот се изложуваме на тешки диететски режими, кои неретка знаат и да ги нарушат нашите здравствени перформанси, настрана фактот, што секоја диета има свој почеток и крај и најчесто по завршувањето на истата, килограмите се враќаат!

На долгорочен план, најдоброто решение би било кога би успеале да го забрзате и регулирате вашиот метаболизам, а уште поважно е наутро да имате квалитетно и успешно празнење на цревата.

На овој начин, не само што ќе ги намалите килограмите, не само што ќе ги избегнете доглите и мачни диети, кои најчесто се безуспешни, туку ќе стекнете правилна навика за исхрана и ќе ги подобрите вашите здравствени перформанси.

Овој рецепт содржи шест состојки и може да го забрза вашиот метаболизам. Исто така, поради своите состојки, ќе ви помогне да ги согорувате акумулираните масти, додека спиете.

Звучи неверојатно, но вреди да се проба!

Потребни состојки:

Сок од алое вера (1 лажица).

Рендан ѓумбир (1 лажица).

Магдонос (1 китка)

1 Краставица

Сок од 1 лимон

Вода (½ чаша)

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и убаво изблендирајте ги, додека не се добие хомогена маса. Испијте го пијалокот пред да си легнете.

Магдоносот е богат со витамини, минерали и антиоксиданси. Тие можат да помогнат во намалување на задршката од вода без да предизвика чувство на надуеност или непријатност во стомакот.

Сите знаеме дека лимон е богат со витамин Ц и други хранливи материи. Тој е одговорен за испирање на сите акумулирани токсини во човековото тело.

Ова го забрзува процесот на топење на мастите и го забрзува метаболизмот.

Краставицата е една од најдобрите намирници за борба против мастите и телесната тежина. Таа, исто така, е богата со витамини и антиоксиданси кои помагаат при согорување на мастите.

Алоето се користи во многу природни лекови. Освен што е анти канцерогено, помага и при слабеење.