Утрена богослужба, а потоа и света литургија се одржува утре во православните христијански храмови по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица (21-ви септември). Луѓето го празнуваат овој ден со имињата: Марија, Марио, Марика, Мара, Марица, Марина, Марјан, Маријана..




Празникот Рождество Богородично го прославува раѓањето на Марија, неа Самата како Божја Мајка, но и Нејзините благочестиви родители. Тоа е првиот голем празник во новата литургиска година, означувајќи го почетокот на циклусот на човековото спасение.




Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на „леунките“ посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.




Македонскиот народ, како впрочем и сите христијани, со многу внимание ги празнуваат повеќето празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Така е и во народните умотворби, како во поетските така и во прозните, во народните верувања и во народните обичаи.




Затоа поголем број цркви низ цела Македонија го носат нејзиното име, а нејзините празници покрај со црковни свечености народот ги празнува и со народни собири, панаѓури и сл. што во минатото траеле и по неколку денови.




Раѓањето на Богородица не било ни случајно ни обично, затоа што идната мајка на Спасителот Исус Христос требало да се роди од свети, чисти и праведни родители. Тие, исто така, требало да бидат од двете еврејски лози од Давидовата и Ароновата, бидејќи од првата произлегувале еврејските цареви, а од втората старозаветните првосвештеници. Во тоа време меѓу малкуте праведни луѓе во градот Назарет биле и родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана.




Јоаким бил токму од царскиот род Давидов, а Ана од родот на првосвештениците. И двајцата биле многу скромни, побожни и добри, ги помагале сиромасите и б олните, а ги советувале младите. Од приходите што ги имале една третина задржувале за себеси, една давале на храмот, а една третина раздавале на сиромасите. Но биле многу нес-реќни затоа што немале деца.




Во тоа време немањето пород се сметало за последица на божја к азна за некој голем г рев, па и за нив многумина се сомневале дека во себе кријат токму таков г рев. Јоаким и Ана постојано искрено и со сол-зи го молеле Бога да им даде рожба и да го симне сра-мот од нивниот образ, ветувајќи дека ќе ја воспитуваат во вистински благочестив дух и дека ќе ја дадат да му служи во храмот.




Јоаким и Ана биле убедени дека со молитви ќе го смилостиват Бога да ги дарува со рожба иако биле во поодминати години. Впрочем и Аврам и Сара, иако, исто така, биле во постари години со волјата Божја добиле дете. И навистина Бог ги слушнал молитвите на праведните Јоаким и Ана и по Архангел Гаврил пратил вест дека ќе добијат женско чедо кое ќе се прослави. Додека Ана искрено се молела пред неа застанал ангел Господов и и рекол:




„Ано, Ано, твојата молитва е слушната. Твоите воздишки ги надвишија облаците. Твоите сол-зи капнаа пред Господа. Ти ќе родиш благословена ќерка поради која ќе бидат благословени сите овоземни родови. Преку неа ќе биде дадено спасението на целиот свет. Ќе ја викате Марија.“

Во чест на денот на раѓањето на Марија, идната мајка на Господ Исус Христос Светата христијанска црква го востановила празникот Рождество на Пресвета Богородица, празник во народот попознат како Мала Богородица што секоја година се празнува на 21 септември според новиот, односно на 8 септември според стариот календар.




К ултот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по с оништа, а има и голем број преданија за чу-дотворни икони со ликот на Мајката Божја.

Марко К. Цепенков забележал повеќе преданија за чудотворни икони со ликот на Пресвета Богородица. Според едно од овие преданија во селото Коњче била пронајдена икона која според жителите на ова село била чу-дотворна. Цепенков уште забележува дека таа икона кога ќе ја оставеле на местото каде што била најдена „ќе се испотела и со тоа веруаат оти била жи-вотворна и чу-десна.“

Цепенков сведочи дека многумина виделе добро од иконата, а и бериќетот во полето бил богат додека го изведувале овој обред. „Мнозина б олни што оделе во с. Коњче во времето коа па-ѓала иконата оздравуале и мнозина б олни оздравеле.“

Цепенков во своите записи пишува уште и за други чу-дотворни икони со ликот на Пресвета Богородица како што биле таа во Велес, потоа во селото Магарево (Битолско), за чу-дотворна икона во кичевскиот манастир „Света Пречиста“ итн.

Овој празник е прв не само од Богородичините празници туку и, воопшто, прв поголем христијански празник по започнувањето на Црковната Нова Година на 14/1 септември. Следниот ден по Мала Богородица односно на 22/9 септември црквата го празнува и споменот на нејзините родители праведните Јоаким и Ана.

На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот Пречиста кај Кичево, манастирот во с. Матејче, во Осоговскиот манастир итн.