Home Посно јадење SАSИКИ (зазики) ТУНА ПОСНА САЛАТА…Толку вкусна што ќе ја подготвам за претстојната...

SАSИКИ (зазики) ТУНА ПОСНА САЛАТА…Толку вкусна што ќе ја подготвам за претстојната слава…

SАSИКИ (зазики) ТУНА ПОСНА САЛАТА…Толку вкусна што ќе ја подготвам за претстојната слава за Свети Никола…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 конзерва туна во парче
100 г посен мајонез
200 мл посен јогурт од соја
1/2 свежа краставица
1 главица црвен кромид
1/2 лажичка сол или по вкус
150 г тестенини сварени „ал-денте“
1 прстофат бел лук во прав
1/3 лажичка сува мирудија/копар
3 лажици сок од тегла со кисели краставички или лимонов сок/оцет

ПОСТАПКА:

Макароните варете ги во солена вода 8 минути. Процедете ги од водата и оставете ги настрана да се оладат со повремено промешување да не се залепат. Краставицата исечете ја на коцкички, а потоа и кромидот.

Измешајте го зеленчукот со оладнеите макарони, туната исцедена и истнета со виљушка, јогуртот и мајонезот. Зачинете со сол, сок од краставички, лук во прав и копар.

Добро промешајте и декорирајте со краставица и копар. Салатата е многу освежителна и одлично се комбинира со другите посни јадења. Постапката погледнете ја ОВДЕ: