Највкусните сарајлии, се топат во уста, вкусни се и топли и ладни!

Фото и рецепт: Ане Велеска

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл млеко, 2 јајца, 2 лажици шеќер, 4 лажички сол, 4 лажички масло, 1 квасец, 1 кг брашно, 120 г путер/маргарин (околу половина од цела коцка), ½ филџан од кафе масло, Сирење по потреба

ПОСТАПКА:

Замесете тесто од млеко, јајца, сол, шеќер, квасец, масло и брашно. Оставете го тестото да одмори 10 минути додека да го приготвите плехот во кој ќе се пече (малку намастете го). Тестото поделете го на 25 топчиња (сарајлии).

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)

Секое топче засу-чете го со рака и завиткајте го како полжавче. Сарајлиите редете ги во плех намастен со малку масло.

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)

Во средината од секое печиво-полжавче ставете по мало парченце сирење, спанаќ или нешто по ваша желба. Може да користите и фил од урда помешана со јајце.

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)

Кога се готови, покријте ги и оставете ги да отстојат 1 час и 30 минути, но да не бидат во многу топла просторија. Загрејте ја рерната на 200-220 степени.

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)

Растопете половина путер со половина филџан масло и мешавината прелијте ја преку стасаните сарајлии. Додека се печат ќе го впијат путерот и тоа ќе им даде дополнителна мекост, но и прекрасен мирис.

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)

Ставете ги да се печат, а печењето прилагодете го според вашата рерна. Доколку забележите дека брзо ви зацрвенуваат, тогаш покријте ги со фолија одозгора, а кога убаво ќе заруменат извадете ги и покријте ги со кујнска крпа додека малку да изладат. Убави се и топли и ладни.

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)