Ракот на дој-ка е најчестата малигна состојба кај жените, сочинувајќи дури 10% од сите тумори. Не може точно да се предвиди кај кои жени се развива овој вид на тумор, па затоа е исклучително важно да се подобрат методите на превенција, односно раното откривање на карциномот.
Студии објавени пред десетина години, сугерираат дека ризикот од карцином на до-јка е поголем кај повозрасните жени над 40 година од животот и жени пушачи. Но, неодамнешните студии покажаа дека ризикот од карцином на до-јка е двојно повеќе зголемен кај помладата популација.
Одредени фактори како што се староста, семејна историја и лошите животни навики носат со себе зголемен ризик од развој на рак на до-јка. Но, т.н. скрининг мамографија метода е неизбежна и секоја жена над 45 година е потребно да ја прави барем еднаш годишно за проверка.
Сите кои се наоѓаат пред оваа возрасна група е потребно да бидат свесни за состојбата на своето тело и секој месец да прават самопреглед на своите гра-ди. Самопрегледот е единственото решение за навремено да го дијагностицирате ракот, а познавањето на своето тело е од голема придобивка во случај на некоја промена на гра-дите.
Во комбинација со редовни прегледи на ултразвук и мамографија, самопрегледот е важна алатка за откривање на малигни промени на гра-дите во рана фаза. Раното откривање на карцином на до-јка е најчесто клучен фактор во прогнозата на болеста, затоа редовните прегледи и правилното самоиспитување на гра-дите се исклучително важни за секоја жена.
Препорачливо е да започнете со редовно самоиспитување на гра-дите во раните дваесетти години со цел да се запознаете со анатомијата на вашите гра-ди и да го препознаете можниот изглед на невообичаени промени на гра-дите.
Самопреглдот треба да се врши еднаш месечно, по можност една недела од почетокот на менструацијата или секогаш во истиот ден од месецот за жени кои се во менопауза или доилки.
Гра-дите се чувствителни на промени за време на менструацијата поради зголемената концентрацијата на женски полови хормони (естроген и прогестерон) и малку се менуваат за време на менструалниот циклус.
Пред менструацијата, тие често се болни на допир и отечени, а при проблеми со хормоналниот статус, гра-дите можат да бидат болни и зголемени подолг временски период.
Самопрегледот на гра-дите се состои од два дела – набљудување на изгледот и палпирање на ткивото при допир на до-јката, и најлесно е да се изврши како дел од вечерната рутина во следните три чекори:
Самопреглед пред огледало
Застанете пред огледалото, соблечете го горниот дел од облеката и потпрете ги рацете на колковите или половината, а со градниот кош навалете се малку нанапред.
Набљудувајте ги гра-дите во огледало. Пребарајте каква било промена во ткивото и кожата на брада-виците и околу нив, како што се црвенило или друга промена на бојата, појава на красти или рани, невообичаени испакнатини, вовлекување на кожата и брада-виците, отоци и слично.
Потоа кренете ги рацете над главата и преиспитајте ги гра-дите од сите страни во потрагата по видливи промени. Оваа позиција може да го открие масното туморско ткиво скриено зад брада-виците. Не заборавајте да го испитате пределот под пазу-вите.
Самопреглед за време на туширање
Започнете го вториот чекор со туширање и сапунирање на целото тело. Со влажните прсти, движете се со мали кружни движења преку гра-дите, движејќи ги во круг, така што детално ќе поминете низ целото ткиво.
Бидете сигурни да го преминете просторот помеѓу и над гра-дите и пазу-вите. Користете ја десната рака за да ја прегледате левата до-јка и левата рака за да ја испитате десната дој-ка. Пребарувајте какви било невообичаени промени.
Проверете дали на некое место има тврд јазол или задебелување. Најчесто израснатото туморско ткиво по престанокот на доење се занемарува и му се дава погрешна дијагноза мислејќи дека е само масно ткиво.
Самопреглед во лежечка положба
Изведете го третиот чекор во лежечка положба на креветот. За подобро откривање на некоја невообичаена промена на ткивото на дој-ката, ставете перница или свиткана крпа под рамото на страната која ќе ја прегледувате прва.
Слободната рака ставете ја над главата. Со испружените прсти на спротивната рака, нежно притискајте ги гра-дите со мали кружни движења. Потоа постепено зголемувајте го притисокот за да процените дали чувствувате нешто поразлично на кожата и подлабокото ткиво.
Повторете ги овие чекори на другата дој-ка откако ќе ја поместите перницата под спротивното рамо и ќе ја подигнете слободната рака над главата. Завршете го прегледот палпирајќи ја областа под пазу-вите. Раката за одмор треба да биде целосно опуштена за да се овозможи опуштање на мускулите околу пазу-вите.
Ова може да го постигнете со ставање на опуштената рака на маса или друго место со тврда и рамна површина, а со спротивната рака длабоко почувствувајте ја целата па-зува, барајќи зголемени лимфни јазли или други невообичаени промени.
Дополнителни совети
Кога палпирате, најдобро е да користите три или четири прста за да преминете преку целото ткивото, за во случај на постоење грутка да може да ја почувствувате. Вториот чекор не е неопходно да се истуширате, можете да го направите и со нанесување лосион на гра-дите.
Важно е да ги лизгате прстите над гра-дите и да бидете во исправена положба. Жените со поголеми гра-ди треба да ги испитаат гра-дите особено во лежечка положба (трет чекор) и да се фокусираат на сите три јачини на притисок.
Дали треба да правите самопреглед на дој-ка за време на доењето?
Краткиот одговор е да. Докажано е дека доењето го намалува ризикот од рак на дој-ка во текот на целиот живот, а експертите препорачуваат минимум 12 месеци доење.
Самопрегледот на дој-ката во овој период е најкорисно за откривање на проблеми предизвикани од доењето, како што се блокирање на каналите и појава на цисти исполнети со млеко, воспаление на дој-ка (маститис) и рани на брада-виците.
Како резултат на доењето, гра-дите понекогаш ја менуваат својата форма и брада-виците се повлекуваат. Тоа е нормален процес што треба да се набљудува и разликува од повлекувањето на брада-вицата што се јавува како резултат на можна малигна промена.
Промените во гра-дите можат да бидат бенигни или малигни и најчесто, во 8 од 10 случаи, се бенигни по природа. Сепак, треба да се обрати внимание на неколку знаци кои можат да покажат дека може да се работи за малигно заболување. Покрај општите симптоми на замор и необјаснето губење на тежината, треба да се обрати внимание на следниве симптоми:
Гноен или кр-вав исцедок од брада-вицата, брчки или повлекување на кожата на дој-ката, израсток кој е цврст и неподвижен, неправилна грутка што не поминува, промени во брада-вицата (црвенило, лупење на околната кожа, рани, вовлекување), необјаснети рани на дој-ка, промена на големината или обликот на гра-дите, оток на едната рака.
Во случај да забележите некоја од овие промени, контактирајте го вашиот лекар за да проверите за што точно станува збор. Вашиот лекар ќе ве прегледа и доколку е потребно ќе изврши дополнителни дијагностички методи како што се лабораториски тестови, ултразвук, мамографија или биопсија.
Женските гра-ди се направени од ткиво кое е исполнето со испакнатини и „грутки“ кои на почетокот може да изгледаат како сомнителни формации, па затоа првите неколку самопрегледи можат да бидат збунувачки, па дури и вознемирувачки.
Ова е токму причината што некои медицински експерти не советуваат да се вршат самопрегледи. Сепак, самопрегледот на гра-дите е корисна вештина што се учи со текот на времето. За да можете да препознаете што е нормално и што е невообичаено во вашето тело, треба редовно да вршите самопреглед.
Важно е да се нагласи дека самопрегледот на дој-ката е корисен само во комбинација со редовни ултразвучни или мамографски прегледи и дека не е доволен како самостоен метод за дијагностицирање на некоја промена. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска