САМО НЕКОЛКУ МИНУТИ, А ПОВКУСНО ОД ПИЦА…Ако имате бајат леб, не пропуштајте го овој рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1/2 китка копар
1/2 китка магдонос
1 китка млад, зелен кромид
3 чешниња лук
3 домати исечени на тркалца
3 јајца
1 лажичка сол
2 чаши млеко (400 мл)
2 векни бајат леб исечен на парчиња
Рендан кашкавал (чедар)

ПОСТАПКА:

1.Откако добро ќе ги измиете и исчистите копарот, магдоносот, лукчето и зелениот кромид, исечкајте ги ситно.

2.Во длабок сад изматете 3 јајца со 1 лажичка сол и 2 чаши млеко. Потоа додајте го ситно сечканиот зеленчук и промешајте.

3.Лебот исечете го на парчиња, а потоа и доматите на тркалца.

4.Тепсијата премачкајте ја со путер, па на дното наредете парчиња леб, но така да бидат пополнети сите празнини.

5.Со кутлача рамномерно полејте половина од смесата со јајца и зеленчук. Наредете тркалца домати и посипете малку рендан кашкавал.

6.Одозгора повторно наредете бајат леб и прелијте го со преостанатиот сос. Наредете ги преостанатите домати и посипете рендан кашкавал.

7.Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, односно додека да зарумени. Постапката погледнете нја ОВДЕ.