САМО МЛЕКО И ОВОШЈЕ…Вкусен и здрав десерт…Без желатин, за 5 минути се подготвува…

Како згуснувач наместо говедски желатин се користи агар агар, кој е од растително потекло и може да се најде во поголеми супермаркети или продавници за здрава храна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (За калап од 1.5 литар):

Овошје користете по желба и сезона:
4 мандарини
2 киви
2 јапонски јаболка
1 цитрон
1 јаболко
1 банана

За прелив:
8 г агар агар
50 мл вода
350 мл млеко
200 г кондензирано млеко
200 г кисела павлака или цврст јогурт

ПОСТАПКА:

1.Овошјето исечкајте го на тркалца, половинки, четвртинки…

2.Во тенџере сипете агар агар и вода, па ставете да се загрее на умерена температура. Додајте млеко и кондензирано млеко, па мешајте и варете 1-2 минути. Потоа додајте го јогуртот и промешајте за да се соедини.

3.Дел од овошјето распоредете на дното и ѕидовоите на калапот, а остатокот сипете го во мешавината и промешајте.

4.Смесата сипете ја во калапот, распоредете, израмнете и оставете во фрижидер додека да се стегне.

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ И БЕЗ ГОТВЕЊЕ…За овој овошен колач не ви треба шпорет, а готов е за 15 минути…

Потоа превртете го врз десертна чинија, сечете парчиња и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.