Само изрендајте го путерот…Малкумина ја знаат оваа тајна…Многу лесно и вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 100 мл)

За тесто:
1 чаша топла вода (200 мл)
1 чаша топло млеко (200 мл)
1 мала чајна чаша масло (100 мл)
1 лажица квасец (10 г)
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
5-6 чаши брашно (550-600 г)

За преку тестото:
100 г рендан путер
За фил:
100 г чедар/ кашкавал

За премачкување:
1 жолчка од јајце
1 лажица млеко

ПОСТАПКА:

1.Помешајте ги млекото и водата, па растворете ги квасецот и шеќерот. Додајте масло и сол, па започнете постепено да го додавате брашното. Месете го тестото 2-3 минути, треба да биде меко.

Оставете го во намастен сад, покријте го и оставете да ферментира 1 час.

2.Стасаното тесто истресете го врз набрашнета површина, па развлечете го во кора со правоаголна форма. Одозгора изрендајте ладен путер и свиткајте ролат.

3.Ролатот исечете го на 4 еднакви дела и оставете ги во замрзнувач 20 минути.

4.Земете едно парче и со прстите затворете ги пресечените делови. Потоа со дланката сплескате го, па со оклагија развлечете кора 25-30 см.

5.Исечете 8 триаголници, на пошироката страна ставете парче кашкавал и свиткајте кифличка. Постапката повторете ја и со останатите теста. Ќе добиете 32 кифлички.

6.Наредете ги во плех обложен со хартија, покријте ги со кеса и оставете ги да ферментираат 20 минути.

7.Премачкјате ги со мешавина од жолчка и млеко, па печете ги во загреана рерна на 190 степени додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.