Само фил и кори…БРЗА ПИТА за појадок или вечера, за половина час ја имате на трпеза…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г готови кори за пита
500 г ситно сирење
4 јајца
сол по вкус, во зависност од соленоста на сирењето
100 мл масло
150 мл газирана вода
1/2 кесичка прашок за печиво (6 г)

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад изматете ги јајцата со прстофат сол (или сол по вкус). Додајте го ситното сирење и изедначете. Потоа додајте го маслото, прашокот за печиво, а на крај и газираната вода. Промешајте.

2.ПО ТРИ КОРИ и врз секоја по 2-3 лажици фил: на работна површина отворете една кора. Распоредете 2-3 лажици фил и поклопете со втора кора. Распоредете фил и поклопете со трета кора. Распоредете фил.

3.Со прстите соберете ги корите како хармоника и наредете во намастен плех со средна големина.

4.Повторете ја постапката со сите кори додека да го исполните целиот плех. Одозгора распоредете го преостанатиот фил.

5.Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.