Оваа лековита смеса на луѓето им била позната уште многу одамна. Има неверојатен вкус, а многу е лековита, па дури се споменува и во Хомеровата Илијада. Оваа супер моќна мешавина се состои од само две состојки.
Со една лажичка од оваа смеса, вие ќе внесете во вашиот организам неопходни минерали и витамини меѓу кои: цинк, железо, влакна, магнезиум, калциум, бакар и бројни витамини, особено од Б групата.
Според истражувањата, оваа комбинација од природни состојки е ефикасна за регулирање на мастите во крвта, особено лошиот холестерол.
Покрај тоа што елиминира аритмија и висок крвен притисок, оваа мешавина ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата, поради што се добива дополнителна енергија после напорната работа.
Студиите покажале дека редовната употреба на оваа мешавина може да реши проблеми со хроничен умор, анксиозност и депресија.
Било утврдено дека со консумација на смесата се подобрува расположението и се намалува депресијата, атеросклерозата, мултипласклероза и висок крвен притисок.
Содржи дури 182 елементи кои се корисни за здравјето на телото, а особено има висока концентрација на антиоксиданти кои спречуваат развој на карцином и други тешки болести.
Потребни состојки:
300 г тахини (паста од мелен сусам)
300 г природен мед
Постапка:
Добро измешајте ги двете состојки додека да се соединат во хомогена смеса. По желба може да додадете ореви, бадеми, фстаци или лешници.
Смесата складирајте ја во тегла и чувајте ја во фрижидер. Секој ден консумирајте по 1-2 лажички наутро.