Црешите се исклучително здраво овошје бидејќи содржат големи количества витамин Ц, фолна киселина, калциум, железо, но и најзначајниот од сите – антоцијанидинот.
Колку повеќе поцрвенуваат, толку повеќе црешите стануваат поздрави. Во 50-тите години од минатиот век, лекарот Лудвиг Кох докажал дека црешите лекуваат реума и костобол, дека го намалуваат нивото на урична киселина и лекуваат воспаленија.
Значи, доколку патите од гихт, препорака е сега да ја искористите сезоната на цреши и ова овошје да го јадете што почесто.
Корисни својства на црешите:
-лекуваат костобол и реума
-спречуваат предвремено стареење и појава на брчки
-претставуваат природен лек против целулит
-ја поттикнуваат работата на цревата, желудникот, панкреасот и општо го подобруваат дигестивниот систем
-помагаат да се исгрли вишокот течности од крвотокот и на тој начин го растеретуваат срцето, а ги активираат црниот дроб и бубрезите
-спречуваат појава на кариес и забни наслаги.
-дваесет цреши имаат 10 пати посилно дејство од аспиринот.
ЧАЈ ОД ПЕТЕЛКИ ОД ЦРЕШИ
Овој чај надалеку е познат како одличен лек за висок крвен притисок, но и против бубрежни болести како и болести на уринарните патишта.
Еден грст петелки од цреши (колку што ќе зафатите со раката), ставете да се варат во зовриена вода, две минути. Оставете малку да отстои, процедете и незасладено пијте го овој чај, во голтки, во текот на целиот ден.
ЗА УМОР: За да ја елиминирате физичката и умствената исцрпеност, јадете трипати дневно по 250 г цреши.
ПРОТИВ БУБРЕЖНИ КАМЧИЊА: лажичка исечкани петелки од цреши прелијте со 200 мл вода или млеко, па откако ќе зоврие варете 1 до 2 минути. Потоа процедете и пијте трипати на ден.
ПРОТИВ РЕУМА: Во текот на осум дена секојдневно пијте сок од свежи цреши, трипати на ден по една чаша.
ПРОТИВ СРЦЕВИ ПРЕЧКИ: иситнете 25 семки од цреши и ставете ги во 80 мл силна ракија. Нека отстои 10 дена на собна температура, а потоа пијте по 5 капки тинктура, двапати на ден.