На многу едноставен начин направете брзи лепињи од само брашно и топла вода. За 15 минути ќе направите појадок или вечера за целото ваше семејство. Лепињите можете да ги послужите солени, но по желба и слатки. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 280-300 г меко брашно, 200 мл врела вода, 1 прстофат сол. Од оваа количина излегуваат осум лепињи, но сепак, нивниот број зависи од нивната големина, односно според садот во кој ќе ги пржите. Еве како се приготвуваат:

![]()
![]()
![]()
![]()

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете прстофат сол, залијте 200 мл врела вода (една чаша) и промешајте за да се растопи солта. Потоа започнете постепено да го додавате брашното. Не го истурајте веднаш сето, туку на неколку наврати.

![]()
![]()
![]()
![]()

На почетокот мешајте со лажица или кујнска шпатула додека брашното да ја впие водата и да добиете конзистенција на компир пире, па од тој момент додавајте по сосем малку брашно. Кога ќе стане комапктно, замесете со рака.

![]()
![]()
![]()
![]()

Кога ќе се обликува како топка, истресете го на работна површина и домесете го уште 5 минути. Тоа е сосем доволно за да стане мазне и еластично, со оглед на тоа што тестото е бесквасно. Потоа поделете го на осум приближно еднакви делови.

![]()
![]()
![]()
![]()

Секој дел од тестото обликувајте го во топче. Топчињата тесто оставете ги да одморат 10-тина минути додека вие во меѓувреме ја подготвувате тавата со маслото. Тавата ставете ја на најсилен оган, а во неа сипете масло за готвење со длабочиња од приближно 1 см.





Додека се загрева маслото вие развлекувајте ги топчињата тесто со помош на оклагија. За да проверите дали маслото е доволно загреано, наросете сосем малку брашно во него и доколку веднаш започне да пени, тогаш е спремно.

![]()
![]()
![]()
![]()

Ставете го првото тесто да се пржи, а со лажица повремено полевајте го одозгора со врелото масло за да се образуваат меури. Тестото брзо испливува на површина. Превртете го и на другата страна убаво да зарумени. Пржените лепињи редете ги врз чинија обложена со хартиена салфетка. Деталите погледнете ги ОВДЕ.











