Пред неколку месеци сите пишуваа за ножните прсти на Меган Маркл, а причината беше нејзиниот допалечен, втор ножен прст кој кај неа е подолг од палецот.
Имено, само 20% од луѓето во светот ја имаат оваа аномалија која се нарекува Мортонов прст.
“Ако не чувствувате никакви болки поради подолгиот втор ножен прст, Мортоновиот прст не би требало да ве загрижува” – порачува Гери Пикни D.P.M. хирург од Институтот за реконструкција на стапала при Медицинскиот Центар.
Сепак, Мортоновиот прст често доведува до претеран притисок на средниот ножен прст (оној кој се наоѓа во самата средина), што доведува до метатарзалгија, односно болен синдром на подрачјето од предниот дел на стапалото.
Константниот притисок на средниот прст кој се случува кај луѓето со Мортонов прст доведува до силна болка при стоење, но и при одење.
Затоа многу е важно, луѓето што што го имаат овој проблем, да одбираат удобни обувки кои имаат доволен простор за прстите.
Доколку почувствувате проблем, посетете ортопед, бидејќи ваквите тегоби во најголем број од случаите се решава со посебни анатомски влошки кои ќе го намалат притисокот.
Исто така, можете да применувате лесни вежби за зајакнување на мускулите од стапалата и зголемување на нивната флексибилност: Одење на прсти – пета, одења на латерална и медијална страна од стапалото (странично), подигање на прсти, фаќање на топче или други предмети со ножните прсти, тркалање на валјак или шише со стапалото со подот и сл.