АКО ИМАТЕ КОМПИРИ, ТОА Е ДОВОЛНО ЗА ВКУСЕН ПОЈАДОК… Крцкави стапчиња од само 2 состојки…

Денеска подготвуваме крцкави стапчиња од само две состојки
Задолжително пробајте го овој рецепт кој ќе ви стане незаменлива закуска. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г компири
4 лажици пченкарен скроб (42 г)
сусам за валање и сол по вкус

ПОСТАПКА:

1.Сварете ги компирите и испасирајте ги.

2.Посолете по вкус, па додајте го скробот и замесете со рака.

3.Треба да добиете фино, меко тесто кое многу лесно се обликува.

4.Кинете од тестото, обликувајте топчиња, а потоа валајте ги со рацете за да добиете стапчиња.

5.Стапчињата валајте ги во сусам.

6.Во тава загрејте масло на умерена температура и пржете ги стапчињата додека да добијат златна боја.

7.Крцкавите стапчиња вадете ги на хартиена салветка и послужете ги со чаша јогурт или кисело млеко. Постапката погледнете ја ОВДЕ.