Сусам салата за 10 минути готова – одлична за слави, прва се изедува, но може да се послужи и како предјадење како додаток на домашните печива. Рецепт и видео презентација на Милица Божиќ – Сусам салата. Фото: Тина Илиевска. Едноставна, брза и многу вкусна слата од сусам.
Уште еден начин да го консумирате ова здраво семе богато со калциум. Потребни состојки: 100 г сусам, 250 г сечкана/рендана шунка (или по избор), 200 г рендан кашкавал по избор, 1 чаша кисела павлака од 400 г. Постапка: Сусамот ставете го во сува тава на најсилен оган.
Пропржете го со постојано мешање околу 5 минути колку да малку да пожолти и да замириса. Откако ќе излади ставете го во подлабок сад и додадете рендан кашкавал и рендана или ситно сечкана шунка по ваш избор. Во целата смеса додадете ја киселата павлака и промешајте.
Потоа додадете ги и сите останати состојки, убаво промешајте ги додека да добиете изедначена смеса, а сите состојки меѓусебе да се соединат. Пред послужување можете салатата убаво да ја изладите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
Брзо ароматично предјадење со јајца – готово за 5 минути. Салата за мезење – ароматично предјадење кое можете да го приготвите за само неколку минути. Одлично одговара со кифлички и други печива, има одличен вкус и како предјадење за секакви пригоди.
За да ја приготвите оваа салата ќе ви бидат потребни следните состојки: 8 варени јајца, 200 г сирење, 5 лажици мајонез,4 чешниња лук. Постапка: Сирењето убаво издробете со виљушка. Јајцата изрендајте ги и додадете ги во издробеното сирење.
Лукчето ситно исечкајте го, изрендајте го или пак, истолчете го, како ви е полесно или како сакате да се чувствува во салатата. Сите состојки убаво измешајте ги и соединете ги со мајонез. Вадете топки со лажица и украсете со свеж магдонос. Постапката можете да ја видите на видеото ОВДЕ.
Ова е највкусната компир салата со пилешко месо, без мајонез, со години ја правам – Рецепт и видео прилог на “Шерпица Рецепти” – Компир салата. Ќе ви откријам една тајна за замена на мајонезот во салатите. Рецептот за вкусната компир салата не содржи ниту мајонез, ниту павлака, а сепак таа е кремаста и сочна.
На овој начин ја приготвувам веќе со години. Потребни состојки: 500 г пилешки гради (или приближно 1 парче), 1 кг компир, 200 г моркови. За замена за мајонез: 2 варени јајца, 100 мл масло, 1 лажичка сенф, може и повеќе, 1 лажичка лимонов сок (или оцет) и малку сол.
И уште ќе ви бидат потребни следниве состојки: 3 средни кисели краставички, 1 главица кромид, 2 лажици оцет, 1 лажичка сол ли по вкус и малку црн пипер и 1 лажичка толчена лута пиперка (може и слатка). Постапка: Во едно тенџере ставете да се варат компирите, морковите и пилешкото месо.
На страна сварете две јајца. Варените јајца изладете ги, па со рачен плендер измиксајте ги со лажичка сенф. Во кремастата смеса постепено додавајте 100 мл масло. Посолете и зачинете со лимонов сок или јаболкова киселина. На овој начин за 5 минути ќе добиете многу вкусен мајонез (200 г).
Морковите и компирите исечете ги на тенки ленти. Ножот малку намастете го и многу полесно ќе го сечете компирот без да ви лепи. Месото ситно исечкајте го, а кромидот и киселите краставички исечете ги на лентички или ситни коцкички. Зачинете со толчена сува пиперка, црн пипер и сол по вкус.
Сите состојки измешајте ги во поголем сад и додадете две лажици оцет. Убаво промешајте за да се изедначат состојките. Салатата е многу вкусна, но доколку салате да биде уште покремаста, додадете уште некоја лажица кисела павлака или мајонез по вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.