Салата „Смарагдно дрво“: Гостите беа восхитени од изгледот, а уште повеќе од вкусот! Празнична трпеза за 2024! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400-500 г пилешко сварено месо (бело или од батаци, по избор)
1-2 варени моркови, рендани
3 варени јајца, рендани
1 јаболко рендано
60-70 г рендан кашкавал
3 киви (актинидии) исечени на тенки плочки/половинки
свежи гранчиња копар за декорација
малку цвекло за декорација (исечени ѕвездички или лентички, тркалца…)
За мајонез:
150 мл масло
1 јајце
1/2 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1/4 лажичка црн пипер во прав
ПОСТАПКА:
Месото по избор (може да биде и шунка), ситно исечкајте го, а другите намирници сварете ги и изрендајте ги во посебни садови.
Мајонез можете да користите и купечки, но можете и сами да го направите за 1 минута. Во висок и длабок сад сипете го прво маслото, а потоа додајте ги останатите состојки.
Потоа со рачен блендер започнете со матење прво од дното, а како ќе се згуснува и формира мајонезот подигнувајте го по малку нагоре. Брзо оди и мајонезот за минутка е готов. Потоа сипете го во готварски шприц за полесно да премачкувате.
Во долгнавеста десертна чинија најпрво распоредете го ситно сечканото месо во облик на елка. Одозгора премачкјате во тенок слој со мајонез.
Врз него распоредете го ренданиот (претходно сварен) морков. Малку натапкајте и израмнете со лажицата за да се израмни. Распоредете тенок слој мајонез.
Следен слој се варените и ситно рендани јајца. Добро распоредете ги и прелијте ги со слој мајонез.
Врз овој слој изрендајте едно јаболко. јаболкото изрендајте го непосредно пред да го распоредите, за да не ви потемни. И врз него посипете тенок слој мајонез. Последен слој е рендан кашкавал кој може да биде пармезан или некој друг по ваш избор.
Кивите исечете ги на плочки, а потоа на половинки. Започнете го редењето од врвот на елката и постепено одедете до долу. Од страните наредете ги свежите гранчиња од копар.
Декорацијата завршете ја со црвени ситни декорации од цвекло. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.