Маринирани зелени домати: Традиционален рецепт со тајна за автентичната арома
Зелените домати, останати недозреани на крајот од сезоната, можат да се претворат во вкусна и освежителна закуска.
Овој традиционален рецепт за маринирани зелени домати е едноставен, брз и проверен низ генерации, со таен додаток што им дава уникатен вкус и арома.
Совршени за секоја пригода, овие домати ќе бидат одличен додаток на вашата трпеза, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 2 кг зелени домати
– 2 црвени слатки пиперки
– 1 лута пиперка
– 1 врзоп магдонос
– 1 врзоп копар
– 10 чешниња лук
– 2 лажици сол
– 3 лажици шеќер
– 70 мл оцет (9%)
– 70 мл растително масло
– НМД

Постапка:
1. Зелените домати добро измијте ги и исечете ги на половини или на четвртини, доколку се поголеми.
2. Слатката и лутата пиперка ситно исечкајте ги. Магдоносот и копарот исто така ситно исечкајте ги, а лукот истискајте го низ преса или ситно исечкајте го.
3. Во голем сад, измешајте ги доматите, пиперките, магдоносот, копарот и лукот. Додајте сол, шеќер, оцет и растително масло, па внимателно промешајте за да се соединат сите состојки.
4. Ставете тежина врз смесата (чинија и врз неа големо полно шише), покријте го садот и оставете го да отстои на собна температура 24 часа. Во текот на овој период, доматите ќе испуштат сок.
5. Следниот ден, повторно промешајте ја смесата и префрлете ја во чисти, добро затворени садови.
6. Чувајте ги маринираните домати на ладно место или во фрижидер до еден месец. Салатата е подготвена за послужување веднаш следниот ден.
Оваа закуска е идеална за комбинирање со главни јадења или како самостојна салата. Уживајте во нејзиниот свеж и пикантен вкус! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












