СЀ ОД ЕДНО… „Моминска желба“ – торта полна со чоколадо и ореви…Се пече во еден сад, а колачот порано го приготвувале момците пред да се женат. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Кора:
5 јајца
250 г шеќер
1 чаша млеко 200 мл
1 чаша масло 200 мл
1.5 чаша мелени ореви
2 преполни чаши брашно или 3 нормални
1 кесичка прашок за печиво
калап 20х30 см
Фил:
500 мл млеко
околу 6 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
4-5 лажици гриз
100-150 г чоколадо за готвење
150-200 г ореви
Прелив за печениот колач:
300 мл млеко
Глазура:
100 г чоколадо
4-5 лажици млеко
4-5 лажици масло
ПОСТАПКА:
1.Одвојте ги белките и пенасто изматете ги со миксер. Постепено додајте го шеќерот и ванилата и матете додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе се преврти.
2.Потоа додајте го маслото, млекото и жолчките, па изматете со миксер на поспора брзина. Потоа додајте го брашното просеано, па прашокот за печиво и на крај мелените ореви. Повторно изматете со миксер.
3.Половина од смесата сипете во намастен калап и печете 10-тина минути во загреана рерна на 180 степени. За тоа време пригответе го филот.
4.Во тенџере зовријте го млекото, па додајте ги шеќерот, ванилата и гризот. Намалете ја температурата и варете 10-тина минути со непрекинато мешање.
5.Кога ќе згусне додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и соедини. Потоа тргнете го тенџерето од рингла и додајте ги мелените ореви. Соединете.
6.Смесата сипете ја врз потпечената кора и рамномерно распоредете.
7.Одозгора распоредете ја втората половина од тестото за кора (претходно малку промешајте го). Колачот вратете го врелата рерна и печете го уште 20-тина минути на 180 степени.
8.Печениот колач додека е топол рамномерно залијте го со 300 мл млеко. оставете да се олади и да го впие млекото, а во меѓувреме направете ја глазурата.
9.Растопете го чоколадото со млекото и маслото во микробранова или на пареа, па сипете ја глазурата преку колачот.
10.Колачот оставете го во фрижидер најмалку 3 часа или најдобро преку цела ноќ. На здравје сладење! Постапката погледнете ја ОВДЕ.