Постојат бројни таблети и креми кои ветуваат престанок на болката, но веднаш после нивното дејството болката се враќа повторно.
Руската народна медицина нуди еден природен и едноставен рецепт кој ќе ви помогне да ја елиминирате болката уште после првата употреба.
Она што е одлично во овој рецепт, е тоа што потребни состојки веројатно веќе ги имате во кујната.
Потребни состојки:
1 лажица сенф
1 лажица мед
1 лажица вода
1 лажица хималајска или морска сол
Постапка:
Измешајте ги сите состојки додека да добиете хомогена смеса. Ставете ја приготвената смеса во некоја исчистена, празна кутија од искористен крем или некоја друга амбалажа.
Примена:
Облозите од приготвениот крем е најдобро да се применуваат навечер, пред спиење, за да може состојките подолго време да делуваат и да се апсорбираат преку кожата.
Овој крем добро измасирајте го на заболениот зглоб, а потоа преку него ставете пластична ќеса или проѕирна фолија, а преку неа ставете топол волнен шал. Наутро исплакнете со млака вода.
Оваа постапка повторувајте 4-5 денови, но кај повеќето се чувствува подобрување уште после првиот третман. Приготвената смеса во меѓувреме се чува во фрижидер.