Добар, стар и проверен рецепт за кифлички кој со години е омилен за новогодишните празници. Овој рецепт за кифлички најмногу си одговара со pуската салата, перфектна комбинација која ги исполнува празниците. Во продолжение може да прочитате како да го направите најубавото тесто за кифлички, а во вториот рецепт може да видите како се прават цветови од тесто за кифлички. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 500 г брашно, 1,5 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 25 г квасец, 50 мл масло, 200 мл вода. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 500 г мешано брашно, 250 мл млако млеко, 125 мл масло, ½ коцка свеж квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 1 жолчка за премачкување, ким, сусам.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во мало вдлабнување во брашното ставете квасец, шеќер, сол, масло и со вода на собна температура замесете мазно тесто, средно меко, кое не се лепи. Потоа намастете ја работната површина и намастете го тестото во облик на валјак. Од него откинете 5 топчиња, а остатокот повторно развлечете го во облик на валјак, па и него поделете го на пет помали топчиња.




Оставете ги да отстојат околу 15-тина минути, а потоа сплескајте ги малку со рака и премачкајте ги со маргарин. Редете ги една преку друга. Последната кора не се премачкува со маргарин, туку само со масло. Оставете да отстои 10-тина минути. За тоа време може да ги приготвите обичните кифли од помалите топчиња.

Секое топче со оклагија развлечете го во долга овална и тенка кора, па свиткајте ја во обична пекарска кифла. Можете да ги наросите со шеќер за да добиете слатки кифли. Можете да ги засекувате на крајот, во средина или по ваш избор.




Купот од корички се развлекува со оклагија во една голема кора, се наросува со сусам и ленено семе, се превртува и се доразвлекува колку може потенко. Се сече на тенки триаголници кои се виткаат во кифли. Вака приготвените кифли се редат во плех намастен и обложен со хартија за печење.




Потоа секоја кифла премачкајте ја со „лајт” или посен мајонез. Со овој трик кифлите стојат и до три дена без да се исушат. Меки се како памук. Оставете ги кифлите да отстојат 1-1,5 час на собна температура, бидејќи тестото не е ферментирано, па потребно е да стасуваат.

Откако ќе се удвојат ставете ги во загреана рерна да се испечат на 200 степени, па откако ќе почнат да се печат намалете веднаш на 180 и печете ги околу 20 минути. Извадете ги печените кифли и секоја полејте со по една лажица растопен маргарин. Ова е тајниот трик кој ги прави посебни на вкус.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Квасецот издробете го во малку топло млеко, додајте малку брашно и лажичка шеќер. Малку промешајте и оставете го да се активира. Во брашното додајте сол, масло, топло млеко и активиран квасец, па замесете меко тесто. Оставете го 40-тина минути на топло место да стасува додека да го удвои волуменот.




Стасаното тесто развлечете го во кора, а од неа со чаша сечете кругови. Помеѓу два круга ставате салама, кашкавал или нешто по ваша желба. Потоа засечете го кругот на 8 места (види фото), а краевите превртете ги за да добиете изглед на цвет.




Вака приготвените цветови редете ги во намастен плех, оставете ги малку да одморат, премачкајте ги со жолчка и по желба одозгора наросете ги со сусам, ким или морска сол. Печете ги во загреана рерна на 200 степени или според вашата рерна, додека убаво да заруменат. Пред крај можете да врз секој цвет да ставите по една лажица млеко и да ги вратите во рерна на уште неколку минути.