Рецепт и видео презентација на Аидина Кујна – Тестенини со со фета сирење и шери доматчиња. Направете вкусен деликатес ручек од кој на сите ќе им застане здивот. Овој ручек се подготвува за многу кратко време, но и брзо ќе го снема од масата.
Домашните ќе уживаат во вкусот, а за подготовка треба само да ги редите состојките и јадењето да ставите да се пече. Комбинацијата од фета сирење со тестенини дава воодушевувачки вкус. А ако додадете салата како прилог, ќе добиете комплетен и заситен оброк.
Потребни состојки: 300 г фета сирење, 300 г шери домати, 5 супени лажици маслиново масло, сол и црн пипер по вкус, 2 – 3 чешниња лук, свеж босилек по вкус и 250 г тестенини.
Подготовка: Во правоаголна тава за печење наредете 2 големи парчиња фета сирење (по 150 г) и поставете ги едно до друго на средина на тавата. Одозгора ставете ги шери доматите во тавата и распоредете ги низ целата должина на тавата.
Потоа рамномерно прелијте со 5 супени лажици маслиново масло. Наросете сол и црн пипер по вкус. Исто така може да наросите чили зачин доколку сте љубители на лутиот вкус. Ставете 2 – 3 чешњиња лук и распоредете свеж босилек одозгора.
Вака подготвената смеса ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Во меѓувреме сварете ги тестенините. Свежо испечената тава извадете ја од рерна и со дрвена лажица изгмечете ги сирењето со доматите и измешајте за да се соединат сите состојки.
Кога ќе добиете светло црвена смеса, додадете ги подготвените тестенини (ал денте, или според упатството на амбалажата) и повторно измешајте. Одозгора може да наросите свеж босилек по вкус. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.