Home закуска Ручек за добри два дена…МАКЕДОНСКО ЌОФТЕ во доматен сос

Ручек за добри два дена…МАКЕДОНСКО ЌОФТЕ во доматен сос

Ручек за добри два дена…МАКЕДОНСКО ЌОФТЕ во доматен сос Многу вкусно јадење…Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 г мелено месо
1 голема главица кромид
Сол, црн пипер
½ лажичка мелен ким
½ лажичка мелена лут пипер (чили) или црн пипер
1 лажица сечкан магдонос

За сос:

500 г доматен сос/ домати од конзерва
1 чешне лукче или повеќе
1 лажичка мелен лут пипер (чили) или црн пипер
1 лажичка коријандер
Сол, црн пипер

Постапка:

Кромидот исечкајте го ситно или изрендајте го, па пропржете го на масло да застакли.

Во длабока чинија ставете го меленото месо, додајте го динстаниот кромид и зачините. Сето убаво изедначете и оставете половина час во фрижидер.

Потоа обликувајте мали топчиња и пржете ги во загреано масло.

Ќофтенцата вадете ги на чинија, а во истото масло пропржете ситно сечкано лукче, додајте коријандер во зрно, мелена лута пиперка и сечкани домати од конзерва.

Сето гответе го 10-тина минути додека да згусне сосот. Ставете ги ќофтињата во сосот и гответе уште неколку минути.

Посипете сечкан магдонос и послужете топло.