Потребни состојки:

700 г пилешко (батаци, крилца)+-

1 главица кромид

700 г компир

2 јајца

200 мл млеко

100 мл кисела павлака

100 мл јогурт

200 г брашно

100 мл масло

Сол, црн пипер, мешавина од зачини

На врв од ножот прашок за печиво

Постапка:

Пилешкото кратко пропржете го во тавата, да порумени од сите страни. Зачинете по вкус (сол, црн пипер, мешавина од зачини). Исчистениот компир изрендајте го, додадете изматени јајца, млеко, кисела павлака, јогурт, ситно сечкан лук, масло, брашно и прашок за печиво.

Зачинете: сол, црн пипер, сув мешан зеленчук. Сето добро соединете го, па префрлете во огноотпорен сад или плех претходно намастен со путер или масло. Преку ова наредете го пилешкото.

Печете на 190 степени, околу 50 минути. Послужете со салата.

coolinarika.com