Многу вкусно јадење што брзо се приготвува.

Потребни состојки:

500 г пилешко филе
1 крем супа од печурки
200 мл павлака – хопла

Постапка:

1.Пилешкото филе исечете го на тенки шницли кои не треба да се толчат.

2.Во еден сад истурете ја содржината од супата и секоја шницла извалкајте ја па наредете во огноотпорен сад.

3.Прелијте ја павлаката врз месото и во топла рерна на 200 степени печете 30 минути.

Исклучете ја рерната и оставете уште 15 минути да се заврши печењето.

4.Кој сака реш печено, може да го тргне капакот и да го запечи пилешкото.

5.Се послужува со обарен карфиол или брокула. Секако и салата..

Прсти да излижеш!